Македонија

Мицкоски за Димитровска: Ако чувствува морален чин на одговорност, треба да отстапи

Тој додаде дека чувствува дека има поединици кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Постојат два начини на одговорност. Еден е морален, кога човек кој обавува одредена функција ако направи грешка самиот да се повлече и вториот е кривичен.

Ова е одговорот на премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање, а во врска со евентуалното поднесување на барање за разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска со законодавниот дом.

Тој додаде дека чувствува дека има поединици кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада.

-Ако чувствува некој морален чин на одговорност треба да отстапи да заврши со таа работа, а доколку има кривична одговорност тука се обвинителството и судовите. Тие нека гонат доколку има кривична одговорност, вели Мицкоски.

Премиерот потсети и на разрешувањето на членовите на Судскиот совет кои се уште од граѓаните добиват пари.

За потсетување, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице, веќе обвинето во предметот „Адитив“, кое сега се товари за кривични дела Злосторничко здружување, за помагање при Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

Исто така, обвинителството достави и Обвинителен предлог против три лица за кривично дело Одавање службена тајна, од кои на две им се става на товар и дека како соизвршители сториле кривично дело – Компјутерски фалсификат. Истражната постапка беше отворена кон крајот на месец април како резултат на екстрахираните електронски докази во рамките на предметот „Адитив“.

-Второобвинетата за оддавање службена тајна со умисла извршила две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело искористувајќи ист траен однос, исти прилики и други слични околности. Како службено лице – претседател на ДКСК, од мај до декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна. Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот „Адитив“, службени белешки за отворање на предмет и распределба на член на ДКСК, одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и на неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК.

На истата обвинета ѝ се става на товар и дека со цел да добие Сертификат за положен испит, во август 2024 година од службениот телефон преку апликацијата Viber на третообвинетиот – ревизор во ДЗР, му испратила компјутерски податоци – логови за пристап на електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Третообвинетиот од службениот електронски уред на Државниот завод за ревизија пристапил од нејзината електронска адреса и во име и за нејзина сметка го положил тестот за класифицирани информации. Сертификатот за успешно завршување на курсот за класифицирани информации издаден од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации второобвинетата го употребила како вистински компјутерски податок и врз основа на него ѝ бил издаден безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна, стои во соопштението на ОЈО ГОКК.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top