Македонија

Мицкоски за опозицијата: Луѓето коишто распродадоа од знаме до име, немаат кредибилитет да судат

А што направи оваа Влада? Се обиде да врати дел од загубеното и делумно успеавме

Луѓето коишто распродадоа сѐ што можеше да се распродаде во минатото, а којашто претставува идентитетска одредница, почнувајќи од знамето, завршувајќи со името, јас мислам дека апсолутно немаат кредибилитет да судат и да пресудуваат, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека не се одбранил македонскиот јазик и идентитет.

-Па видете, луѓето коишто распродадоа сѐ што можеше да се распродаде во минатото, а којашто претставува идентитетска одредница, почнувајќи од знамето, завршувајќи со името, јас мислам дека апсолутно немаат кредибилитет да судат и да пресудуваат. А што направи оваа Влада? Се обиде да врати дел од загубеното и делумно успеавме, затоа што ќе остане запишано и ќе има институционална меморија, Европскиот извештај којшто беше изгласан на АФЕТ, Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент и истиот со тој текст, вчера се најде пред европратениците. Да потсетам дека обидот беше, целосно преименување на македонскиот идентитет и јазик од страна на некои европратеници коишто со своето неодговорно однесување се обидоа да го додефинираат како „модерен“. Тоа не успеа, бидејќи мнозинството европратеници ја прочитаа намерата и тоа не успеа. Но, за жал успеа она бришење од самиот Извештај на македонскиот идентитет и јазик, она коешто веќе беше усвоено на АФЕТ Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент. И она што е уште поважно, е што Европа, светот, македонските граѓани видоа дека Договорот постигнат 2022 или како да кажам прифаќањето на тогашниот предлог во суштина не претставува само лесна промена, интервенција во преамбулата и внесување на дел од бугарското малцинство во истиот, туку проблемот е многу подлабок, многу посуштински, а тоа е негирање на идентитет, на јазик, на еден од најмалубројните народи во Европа од страна на неговиот, во случај источен сосед или соседна Бугарија. Тоа е за мене чин без преседан, е сѐ само не европска вредност и јас навистина не можам да прифатам како европратеници коишто вчера гласаа за бришење од Извештајот на македонскиот идентитет и јазик, мирно ќе спијат, а им благодарам на сите оние сто дваесет и нешто коишто гласаа против и на оние нешто повеќе од стотина коишто се воздржаа од било какво гласање, рече премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

„Фол“: Таравари се обидува очајнички со патриотски говор да го прикрие својот спектакуларен неуспех во управувањето со Гостивар!

„Пред да зборува за ‘волјата на суверенот’ и за ‘историските победници’,  подобро е Арбен Таравари да ги објасни историските долгови, урбанистичкиот отпад и политичкото дезертерство, што го карактеризираат. Бидејќи историјата не го препознава како симбол на отпор, туку како пример за неуспех, кој се обидува да се скрие зад големи зборови“. – нагласува информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својот редакциски коментар со наслов „Таравари, симболот на неуспехот, што се обидува да се маскира со патриотски говор“.

Скопје често се смета за еден од најевтините европски градови – како е оценета макдонската метропола?!

Скопје, енергичниот главен град на Македонија, нуди достапно европско бегство со неверојатни пејзажи, богата историја и уникатни културни искуства. Од убавината на Кањонот Матка до шармот на неговата Стара чаршија, тој е совршена дестинација за патници кои бараат вредност и автентичност.

To top