Македонија

Милошоски: Не може Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ја следеа демократската опозиција на ВМРО-ДПМНЕ, да држи лекции за демократија

Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ги следеа неистомислениците во медиумите, стопанството, вклучително и политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, држи лекции за демократија!?, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Очигледно е дека Ана Чупеска, верната ученичка на Љубомир Фрчкоски и продолжена рака на старите удбашки структури […]

Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ги следеа неистомислениците во медиумите, стопанството, вклучително и политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, држи лекции за демократија!?, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Очигледно е дека Ана Чупеска, верната ученичка на Љубомир Фрчкоски и продолжена рака на старите удбашки структури од 90-тите, денес повторно се јавува како гласноговорник на истата таа матрица што ја држеше Македонија во стегите на корупцијата и политичкиот прогон.

Нема поголема иронија од тоа потпретседателката на партијата која 7 години ја претвори државата во приватен имот на кланот Заеви и нивните ортаци, да зборува за „узурпација“.

Во времето на СДСМ, МВР беше сервис за криминалните структури блиски до власта, а началниците беа партиски извршители за притисок врз неистомисленици, или за штанцање на фалц-пасоши на белосветски нарко босови.

Денес, кога конечно се воспоставува ред и се расчистува со тие остатоци од минатото, на Чупеска и СДСМ им пречи што повеќе нема простор за нивните тајни договори и злоупотреби.

Што се однесува до „режимот“ – режим имаше кога Вие, госпоѓо Чупеска, заедно со Вашите ментори и шефови, ја газевте волјата на народот, ја злоупотребувавте полицијата и ги полневте џебовите на Вашите кланови. Тоа време заврши.

Или можеби заборавивте на времето кога изгoреа луѓе во модуларната болница, а Заев, Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ и другите Ваши најблиски соработници ја разнебитуваа државата? Тоа се вашите „демократски“ стандарди.

Наместо да се труди да ги задоволи инстинктите на Фрчкоски и да му угоди докажувајќи се колку е лојална, нека се вразуми и нека сфати дека Фрчкоски ќе ја откачи на првата кривина.., или на првиот паркинг.

Наместо лекции за капацитет, објаснете им на граѓаните како токму Вашите политички покровители ја втурнаа државата во најголемите национални порази и економски грабежи во последните децении. И имајте на ум дека ниту расфрлањето со терминот “режим”, ниту китењето со пердувите на “Шарената деволуција”, нема да Ви помогне да ја покриете разединетоста која ја имате во СДСМ, токму поради Вашата лојалност кон оние кои Ве доведоа до тоа дереџе!, пишува меѓудругото во својата објава Милошоски..

Најнови вести од: Македонија

Тажна вест: Пцовиса и европскиот бизон во Скопската зоолошка градина

Во текот на последната недела, скопската зоолошка градина изгуби двајца значајни жители. Европскиот бизон, стар 17 години, утрово угина по подолг период на терапија и следење заради дијагностицирана пневмонија.

Наскоро наместо печат во пасош, отпечаток и фотографија за влез во ЕУ

Отпечаток од прст и фотографија, од 12-ти октомври нов систем за влез и излез од Европската унија. Целата е зајакнување на безбедноста на влезните точки на унијата, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас. Новата мерка постепено ќе се применува, се најавува можност за однапред регистрирање на податоците преку мобилна апликација или систем за самопослужување.

To top