Македонија

Милошоски: Заедно со Бугарија да поднесеме резолуција за македонската идентитетска и јазична посебност

Ако Бугарија тврди дека проблемот, на отпочнувањето на преговорите со ЕУ, се само Бугарите во Уставот, предлагаме да поднесеме заедничка Резолуција во ЕП

Прес-конференција на пратеникот од редовите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски:

„Ако Бугарија тврди дека проблемот, на отпочнувањето на преговорите со ЕУ, се само Бугарите во Уставот, предлагаме да поднесеме заедничка Резолуција во ЕП со која што ќе се потврди самобитноста на македонскиот идентитет и јазик.

Претседателот на Владата, Мицкоски, ја даде оваа отворена понуда до бугарскиот претседател Румен Радев и до нивната влада.

Доколку пречка за македонските евроинтеграции е само внесувањето на Бугарите во Уставот, тогаш не би требало да биде никаков проблем заедно со соседна Бугарија, да поднесеме резолуција која ќе ја гарантира македонската идентитетска и јазична посебност, а истовремено ќе ја зголеми и довербата помеѓу Македонија и Бугарија.

Уште веднаш, можеме да поднесеме заедничка резолуција, да ја зацврстиме меѓусебната соработка на овој план и да го решиме проблемот за отпочнувањето на европските интеграции. Понудата која што е дадена од премиерот Мицкоски, е отворена.

Сепак, имаме доза на скептицизам дали ова барање ќе биде прифатено од официјална Софија, бидејќи тоа што го гледаме од страна на источниот сосед, посебно некои нивни владини претставници изгледа како да имаат одредени задни намери. Отворањето на Уставот, изгледа дека за многу владини претставници во Софија, е само почеток на многу други барања и многу други изговори за идни блокади.

Реалноста е дека добар дел од официјалните претставници на Бугарија, работат на негација на македонскиот идентитет и јазик, нешто слично како што Русија ја негира самобитноста на украинскиот јазик и посебноста на украинскиот народ.

Бугарија, за жал, сака да спроведе еден историски инжинеринг, каков што не е спроведен никаде во современиот демократски свет. За жал, помош за ваквиот обид на официјална Софија добиваат и од некои претставници на СДСМ.

Конкретно, претседателот на СДСМ е спремен сервилно да изгласа се што Бугарија ќе стави на маса, а тоа го потврди и самиот Венко Филипче во неколку негови настани.

Народот јасно може да види кој за што се залага, и може да препознае дека СДСМ се демаскирани и дека секој знае дека од страна на нивното раководство постои една спремност да се прифатат било какви дополнителни понижувања и потчинувања на Македонија.

За разлика од тоа, целта на ВМРО-ДПМНЕ, е да ги заштити националните интереси, достоинството на државата, да имаме конструктивен дијалог со секој сосед, па и со Бугарија, базиран на аргументи, но без виткање на рбетот на самата држава.“

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top