Македонија

Министерството за енергетика ги објавува сите договори, концесии и ЈПП

Енергетиката, рударството и минералните суровини се сектори од големо јавно значење кои го носат економскиот развој на државата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, преку својата посветеност и визија, активно учествува во реализацијата на тековниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024–2026 година. Денес се одржа владин тематски состанок за Партнерство за отворена власт на кој се говореше за напредокот и заложбите на институциите.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е координатор на заложбата 1.3 – Јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување јавно-приватно партнерство, како и активен учесник во заложбата 1.2 – Јавно објавување на вистински сопственици на фирмите што имаат склучено договори со државата.

Со овие заложби, ко-креирани во партнерство со граѓанскиот сектор, Министерството испраќа јасна порака:

-Енергетиката, рударството и минералните суровини се сектори од големо јавно значење кои го носат економскиот развој на државата. Нивното управување мора да биде транспарентно, отчетно и достапно за јавноста, затоа што успехот во овие области се гради и се дели со граѓаните – тој е од нив и за нив, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Конкретни резултати:

Формирана е работна група во рамки на Министерството која има задача да го реализира објавувањето на сите склучени договори за:

1. концесии за експлоатација на минерални суровини,
2. договори за детални геолошки истражувања.

Овие документи се јавно достапни на веб-страницата на Министерството:

www.energy.gov.mk, овозможувајќи директен увид за граѓаните и граѓанските организации.

Во делот на јавно-приватното партнерство (ЈПП), Министерството веќе води Регистар на доделени договори. Овој регистар ќе се надгради согласно новиот Предлог-закон за ЈПП, преку воспоставување Единствен електронски систем за јавно-приватно партнерство кој ќе ги опфати сите фази на проектите – од планирање, до доделување, спроведување и завршување на договорите. Системот ќе биде директно поврзан со Националниот електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН).

Со овие активности Министерството потврдува дека транспарентноста и отчетноста се основа на успешното управување со јавните ресурси.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top