Македонија

Започна манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија

Манифестација од исклучително значење за меѓународна афирмација на културното наследство на Република Македонија

Започна манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија.

Оваа манифестација е исклучителна можност за промоција на богатото културно наследство и високото уметничко творештво на Република Македонија пред европската јавност.

Програмата опфаќа внимателно одбрани содржини од различни области на културата, кои ќе понудат уникатно доживување за публиката.

На 2 мај 2026 година балетот при НУ Национална опера и балет настапи во Антверпен со балетската класика „Лебедово езеро“, со која преку висок уметнички израз и современа сценска естетика се афирмира македонската балетска уметност на меѓународната сцена.

На 4 мај 2026 година, ќе биде прикажан филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески во киносалата Cinema Galeries во Брисел. Ова филмско остварување ја отсликува актуелната продукција и креативниот потенцијал на македонската кинематографија.

На 5 мај 2026 година, НУ Оркестар за џез музика на Република Македонија ќе настапи во култниот културен центар Bozar со енергичен спој на македонска народна музика и современ џез.

До крајот на 2026 година, планирана е и изложба на Теракотни икони од Виница во Европскиот Парламент.

Изложувањето на овие икони, кои претставуваат уникатна археолошка и уметничка појава во ранохристијанската уметност во Европа, е од исклучително значење за меѓународна афирмација на културното наследство на Република Македонија.

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија претставува можност за сите љубители на уметноста да ја почувствуваат автентичната енергија на македонската култура и истата очекуваме дека ќе има значителни афирмативни ефекти за презенација на нашата држава во меѓународен контекст.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top