Македонија

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси

Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци

Министерствто за транспорт денеска објави јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Во согласност со планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а другите 50 за општините.

Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци.

Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.

Според Министерството за транспорт, набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина, како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и другите општини. Покрај еколошките придобивки, укажува дека набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија.

– Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа. Со оваа инвестиција испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги – соопшти Министерството за транспорт.

Јавниот повик е објавен на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и може да се види на следниот линк.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top