Македонија

Мисајловски: Армијата се модернизира со засилено темпо, од јануари и повисоки плати

Покачување на примањата од почетокот на следната година и трајно решение за статусот на професионалните војници

Screenshot

Македонската Армија минува низ интензивен период на модернизација, кој опфаќа набавка на современа воена опрема, системски реформи и нов Колективен договор, подобрување на условите за работа и повисок стандард за сите нејзини припадници. Ова во гостување на ТВ Канал 5 го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека сите овие системи што се купуваат, сите набавки, модернизацијата, но и обуките, тренинзите, вежбите, „се на едно огромно ниво, рамо до рамо со сите НАТО земји членки“.

Во однос на стандардот на вработените, министерот најави покачување на примањата од почетокот на следната година и трајно решение за статусот на професионалните војници.

​– Од 1 јануари сите ќе бидат задоволни, предвидуваме средства во новиот буџет за зголемување на платите во Армијата. Очекувам следната недела да имаме пречистен текст на Колективниот договор со сите синдикати. Секој еден војник што завршува 45 години ќе има можност да остане во Министерството за одбрана, да замине во друга институција во државата или да си земе отпремнина, изјави Мисајловски.

Тој нагласи дека паралелно се спроведуваат сите големи договори за модернизација, меѓу кои и набавката на хеликоптерите од италијанската компанија „Леонардо“.

– Би требало до крајот на годината да стигнат два воздухоплови, следната исто така, и до завршување на договорот да стигнат сите осум воздухоплови. Кога го затекнав Министерството имаше само еден хеликоптер во функција, а сега го ставаме и третиот. По десет години запоставеност, го обновуваме и Центарот за обука на пилоти во Петровец каде што преку нови катедри на Воената академија ќе произведуваме нов пилотски и технички кадар, истакна Мисајловски.

​Во однос на иницијативите во регионот за враќање на задолжителниот воен рок, Мисајловски појасни дека во овој момент такво нешто не се планира.

– Во овој момент не го работиме тоа и такво нешто не се бара од НАТО. Меѓутоа, доколку дојде таква иницијатива од нашите сојузници и се отвори прашањето во општеството, тогаш треба внимателно да се планира и да се создадат потребните капацитети, појасни тој.

Мисајловски истакна дека САД остануваат прв стратегиски партнер на државата, со кој се реализираат најголемиот број договори, грантови и воени обуки.

Прашан како ќе одговориме на писмото на американскиот претседател Доналд Трамп, којшто го испрати до сите земји членки на Алијансата во однос на поддршката, Мисајловски, нагасли дека „САД се најголем партнер и поддржувач и така и ќе одговориме“.

-Ние сме на страната на НАТО. Апсолутно ние сме во тоа семејство и мора да разговараме со сите наши сојузници. Јас мора да потенцирам дека најголемиот број на договори, и откако сум министер што се потпишани, но и претходно, се со со САД. И најмногу грантови и најмногу обуки и најмногу вежби добиваме од САД и се разбира се прв наш стратешки партнер. Да, има доставено неколку прашалници во врска со случувањата со се она што Америка го има на терен во овој момент и редукцирање можеби на бројот на нивните сили во Европа. И тоа треба да го разговараме во овој период. Еве пред неколку дена се видов со новото воено аташе, го отворивме и ова прашање. Исто така има и дополнителен документ стигнато од наша страна како ќе одговориме на повиците на Трамп за лојалност… Има голем прашалник каде што, се разбира, сега тоа е доверливо, каде што треба додатни средства да имаме и после тоа, се разбира, ќе одговориме на сите оние прашања што се ставени. Но, остануваме ние, се разбира, би рекол, најголем пријател е САД на Македонија и така ќе продолжиме и така ќе одговориме – изјави Мисајловски.

Европската колективна безбедност, нагласи Мисјаловски, е поврзана и прашањето за членство во ЕУ и НАТО мора да се гледа заеднички, посочувајќи дека на најголем дел од состаноците со европските лидери со коишто може да се сретне, но и со многу амбасади и слично, секогаш го отвора прашањето за ЕУ.

-Ако ние сме доволно способни и имаме целосен капацитет за НАТО, да бидеме рамноправни, да учествуваме на секоја една вежба, да бидеме повикувани за се што треба да помогнеме, тогаш апсолутно треба да бидеме дел од Европската Унија… И постојано еве, јас нема тоа да го кажам, сите претставници што доаѓаат во Македонија со позитивни, така би рекол, вести доаѓаат и за Армијата и за Министерството, но и за државата како помагаме во регионални планови, во вежби и така натака. Затоа можеме да бидеме едни од најдобрите во семејството, а во Европската Унија постојано да имаме, би рекол, кочници. Ова прашање мора паралелно да се разгледува и иако јас сум министер за одбрана, поврзано е. Европската колективна безбедност е поврзана, но затоа и паралелно Европската Унија ни дава огромен број на средства, морам да бидам искрен, и тие се разбира ни се најголеми овака сојузници бидејќи преку 40 милиони евра веќе добивме во опрема – изјави Мисјаловски.

Мисајловски, исто така, нагласи дека Армијата останува целосно мобилизирана на терен за помош на општините и граѓаните при справувањето со пожарите ширум земјата.

-Секаде каде што сме потребни, апсолутно, ако се работи за, би рекол, поголем број на пожари, апсолутно тука и Претседателката ќе помогне со дополнителни сили. На дневно ниво се координираме и да знае секој еден граѓанин дека Армијата ќе биде тука секогаш – изјави Мисајловски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

To top