Тема: министер за одбрана Владо Мисајловски

Таравари: УЧК беа борци за слобода, а не албански терористи, да се смени овој шовинистички говор на омраза во спомен-плочата!

Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари побара да се смени текстот од спомен-плочата во касарната „Илинден“, посветена на загинатите припадници на безбедносните сили во масакрот кај Вејце во 2001 година, каде што на 28 април 2026 година министерот за одбрана Владо Мисајловски оддаде почит. Таравари смета дека изразот „Паднати во војна против албански терористи“, кој што стои на плочата, е „неприфатлив и навредлив за дел од граѓаните“. Инаку, масакрот кај Вејце се смета како најкрвав и најбрутален настан во поновата историја на Македонија. На 28 април 2001 година околу 18 часот од заседа биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осумтемина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за нападот. Во тој напад на ОВК (УЧК) убиени се Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, во постојана координација сме со сојузниците во НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски посочи дека државата е во постојана координација со сојузниците во НАТО и оти безбедносните служби редовно разменуваат информации со партнерските земји. Според него, во моментов нема укажувања за директна закана по безбедноста на државата, но институциите остануваат внимателни и подготвени да реагираат, ако се појават опасности. Мисајловски го изјави ова во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

Посета на воен претставник од САД: командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајорот Грегори Најт доаѓа во Македонија од 9-11 декември

Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт генерал-мајорот Грегори Најт ќе престојува од денеска до 11 декември во официјална посета на Република Македонија.

Мисајловски во Брисел: Македонија има план за раст на инвестициите во одбраната, посветени сме на придонесот кон колективната безбедност

„Даваме целосна поддршка на напорите за зајакнување на способностите на Алијансата за одбрана и одвраќање, како и заштитата на секоја сојузничка територија.“ – нагласи министерот за одбрана Владо Мисајловски на состаноците во Северноатлантскиот совет.

To top