Македонија

Мисајловски: Македонија со историски најголем буџет за одбрана

Македонија обезбеди најголем буџет за одбрана во изминатите три децении, вели министерот за одбрана

Во овие над 30 години,Македонија одобри историски најголем буџет за одбрана. Благодарност до пратениците и до секој еден кој што ни дава поддршка бидејќи станува збор за огромна сума на средства, порача од Минхенската безбедносна конференција министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Тој потсети дека последната одлука од самитот во Хаг е буџетот за одбраната да расте на 3,5% од БДП на секоја земја членка и оцени дека тоа се сериозни средства, а речисти третина од парите кои годинава се предвидени за одбраната ќе одат за модернизација.

„Над 32% од предвидените пари ги издвојуваме директно за модернизација. Тоа значи нови проекти, оние обврски кои ги имаме од минатото да се исплатат, но и да започнеме од оваа година, веќе започнуваме со доста земји да преговараме. Набргу нè очекуваат и многу нови договори, што Министерството треба да ги направи за наредни 10 години. Ова е обврска која ја преземавме согласно членството во НАТО, нашите цели на способност, но и во наредниот период како да се домодернизираме со новите цели, во наредниот период“, истакна Мисајловски во изјава за МРТ.

Претходно, на 17 декември, Мисајловски во гостување на „Топ тема“ најави дека буџетот за одбрана треба да изнесува околу 358 милиони евра.

„ НАТО бара 20 проценти, ние ќе вложиме над 32%, заедно со инфраструктурата што ја работиме се над 47 проценти. Тоа е сериозна сума директно за проекти и за модернизација“, рече Мисајловски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top