Македонија

Мисајловски: Професионалноста и трудот на вработените во министерството и припадниците на Армијата претставуваат силен столб на македонската одбрана (ФОТО)

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска, организираше предновогодишен собир со вработените во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска, организираше предновогодишен собир со вработените во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

На собирот беа врачени признанија и благодарници до припадниците на Армијата и министерството кои се пензионираат, како знак на длабока почит и благодарност за нивната посветена и професионална работа низ годините.

„Професионалноста и трудот на вработените во министерството и припадниците на Армијата претставуваат силен столб на македонската одбрана. Нивниот придонес остава траен белег во градењето на безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните“ – истакна министерот Мисајловски.

Тој додаде дека со искрена благодарност кон сите вработени во Министерството за одбрана и припадниците на Армијата ја заокружуваат годината со почит кон вложениот труд и со заедничка заложба и понатаму да ја јакнат одбраната и стабилноста на татковината.

Собирите од овој вид се традиција во Министерството за одбрана и Армијата, а оваа година особено се истакнуваат заслугите на пензионерите кои со својата служба помогнале во модернизацијата, професионализацијата и интеграцијата на македонската армија во НАТО.

 

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top