Македонија

Мисајловски во Брисел: Македонија има план за раст на инвестициите во одбраната, посветени сме на придонесот кон колективната безбедност

„Даваме целосна поддршка на напорите за зајакнување на способностите на Алијансата за одбрана и одвраќање, како и заштитата на секоја сојузничка територија.“ – нагласи министерот за одбрана Владо Мисајловски на состаноците во Северноатлантскиот совет.

„Денеска, во Седиштето на НАТО во Брисел учествувам на состаноци на Северноатлантскиот совет заедно со колегите  министри за одбрана од сите сојузнички земји.“ – напиша на фејсбук профилот министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Натаму во објавата тој истакнува: На денешниот прв состанок заеднички ја потврдивме нашата посветеност и определбата кон колективната безбедност, односно за спроведување на обврските, преземени на Самитот на НАТО во Хаг во јуни, да продолжиме да вложуваме во одбраната и да ги развиваме нашите одбранбени капацитети.

Во своето обраќање истакнав дека Македонија има јасен план за раст на инвестициите во одбраната и остануваме целосно посветени на придонесот кон колективната безбедност, додека македонската Армија засилено ја опремуваме и ја осовременуваме. – порача министерот Владо Мисајловски.



Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

To top