Македонија

Мицкоски: Каде и да одите, вратете се дома

Во обраќањето до бруцошите на Универзитетот „Гоце делчевво Штип премиерот порача дека младите имаат значајна улога во иднината на државата и ги повика да работат за себе, своите семејства и за Македонија

На првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, премиерот Христијан МИцкоски, упати порака до студентите за значењето на образованието, стекнувањето знаење и личниот развој.

Премиерот Мицкоски на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Мицкоски им порача на младите да ја користат секоја можност за учење и напредување, да патуваат и да го запознаваат светот, но истовремено да не забораваат на својата земја.

„Каде и да одите, вратете се дома. Вратете се со знаење, со искуство, со идеи и со сила за заедно да ја градиме нашата татковина Македонија“, порача Мицкоски.

Тој посочи дека патот пред младите ќе биде исполнет со различни предизвици, успеси и неуспеси, но оти токму тие искуства придонесуваат за нивниот развој.

„Ќе има предизвици, подеми и падови, но токму тие ќе ве изградат“, наведе премиерот.

Во обраќањето до бруцошите, Мицкоски порача дека младите имаат значајна улога во иднината на државата и ги повика да работат за себе, своите семејства и за Македонија.

„Иднината на една држава ја создаваат токму младите луѓе кои веруваат во неа и се подготвени да се борат за нејзиниот успех“, порача Мицкоски.

На крајот, тој им посака успех на сите бруцоши на почетокот на нивното студирање.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top