Македонија

„Ако некој одлучил да прави циркузант од себе дозволете му“, вели Мицкоски

Едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани, вели премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на прашање во врска со вчерашната скандалозна провокација кон министерката за образование, Весна Јаневска, која за време на посета на Тетово, беше запрашана од новинар, дали со себе донела и преведувач.

Мицкоски одговори дека понекогаш е подобро да се премолчи, бидејќи некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани.

„Понекогаш тоа што нема коментар не значи дека некој нешто заборавил да коментира, туку едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани затоа што ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе дозволете му, сите можат да го видат и да го слушнат. Така да подобро да премолчите отколку да влезете во таа естрада“, изјави Мицкоски.

„Си зема ли преведувач“: Новинар со дрско прашање до министерката Јаневска (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top