Македонија

Мицкоски до Кошта: Не бараме привилегии и олеснети правила, бараме принципи и предвидлив процес

Премиерот пред претседателот на Европскиот совет порача дека Македонија не бара нешто што не им припаѓа и на другите

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека Македонија не бара привилегии во пристапниот процес кон Европската Унија, туку кредибилен и предвидлив процес заснован на принципи.

„Нашата позиција е јасна. Остануваме цврсто определени кон европскиот пат. Не бараме привилегии. Не бараме олеснети правила. Не бараме нешто што не им припаѓа и на другите. Бараме принципи и, нормално, кредибилен и предвидлив процес. Бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани“, рече Мицкоски.

„Денес отворено разговаравме и за реалноста што ја чувствуваат многу наши граѓани. По години чекање, компромиси, очекувања, исполнети барања и чести промени на политичкиот контекст, природно е во одредена смисла да чувствуваат поголема неизвесност, а од друга страна потребна е поголема извесност. Токму затоа, денес е потребно лидерство. Потребна е јасност. Потребна е доверба. Европа била најсилна тогаш кога покажувала визија, политичка храброст и доследност кон сопствените вредности. Кога била простор на можности, правда и предвидливост“, додаде претседателот на македонската Влада.

„Верувам во партнерски дијалог. Верувам во искрен разговор, меѓусебна почит и заемно разбирање. Но, верувам и дека достоинството, идентитетот и принципиелноста не треба да се пречка за европската перспектива. Тие се нејзин составен дел“, истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top