Македонија

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија, со кои ќе одиме напред, но никогаш нема да правам пазар со идентитетот!

Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, а не за решенија со кои ќе оставиме големи товари на нашите потомци. Но, тој повтори дека „пазар со идентитетот, пазар со нашето достоинство во замена за какви било лични или политички придобивки, какви што имало во нашата понова историја, никогаш нема да прави“.

-Како што наведе Мицкоски на свеченоста, од урнатините на војната се роди идејата за европско обединување, посочувајќи, не како политички проект на бирократи, туку како цивилизациски завет – дека никогаш повеќе народите нема да се уништуваат меѓусебно. Европа на солидарност, вредности и принципи. А што се принципите ако не правила кои треба да важат за сите, норми кои треба да донесат просперитет и иднина?. Ние верувавме во тоа и сè уште веруваме дека Европа е нашиот единствен пат. Нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Но, исто така, да не се залажуваме – постои и горко искуство од многу откажувања, препреки и неразумни спорови на овој наш пат. Тоа силно и длабоко фрустрира, кога принципите се кршат токму врз грбот на оние кои бараат принципи и праведна шанса. Исто како што обесхрабрува и рамнодушноста на многу поголеми држави кон овие неправедни епизоди на нашиот народ и држава, рече Мицкоски.

Европа, нагласи, е верба во човековото достоинство, во демократијата, во владеењето на правото, во почитта кон различностите и во правото секој народ слободно да чекори по својот пат.

– Разбирам и дека Европа денес повторно се соочува со предизвици. Војни, поделби, радикализам, економска неизвесност и криза на доверба. Во време кога повторно се слуша јазикот на омразата, наша должност е да бидеме глас на разумот, стабилноста и единството. Мора да разговараме и да се обидуваме, затоа што само така можеме да дојдеме до решенија. Но не решенија, со кои ќе оставиме големи товари на нашите потомци, туку трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, истакна Мицкоски.

Секој што ме знае добро, посочи премиерот, уверен е дека, колку и да постојат празнини и недржавничко однесување во нашиот политички естаблишмент, добро знае дека никогаш нема да правам пазар со идентитетот, со нашето достоинство, во замена за какви било лични или политички придобивки, какви што имало во нашата понова историја. Ниту ми паднало на ум такво нешто. Оваа моја позиција им пречи на неколкумина, но и тие знаат дека честа нема цена и дека никогаш нема да нанесам каква било штета на нашата држава, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

To top