Македонија

Мицкоски: Обвинителството да провери 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 во Гостивар, кога не се преземало ништо за заштита на здравјето на гостиварци!

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, од Делчево, го повика Обвинителството да почне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар и за непреземањето ништо од тогашната власт за заштита на здравјето на гостиварци – токму во период кога министер зза здравство бил сегашниот лидер на СДСМ Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, тој истакна дека кога станува збор за Гостивар и за пријавувањето во Гостивар, треба да се напомене дека во 2021 година, кога претседателот на СДСМ е министер за здравство и кога личноста што денеска излегува на прес-конференции од името на СДСМ е директор во Институтот за јавно здравје, имало над 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар. Според претседателот на Владата, ништо не е преземено.

– Јас го повикувам Обвинителството, еве одовде, од Делчево, да ги провери овие наводи за кои сега зборувам и да почне постапка зашто овие луѓе, кога имале можност, не презеле ништо и не го заштитиле здравјето на гостиварци. Но, не само на гостиварци, туку и на граѓаните во другите општини. Значи, Обвинителството мора да постапи по оваа информација, која еве одовде сакам да ја испратам. И очекувам Обвинителството веднаш, уште денеска, да влезе во Институтот за јавно здравје, во Агенцијата за храна и ветеринарство, да ги провери овие наводи за кои денеска зборувам – изјави Мицкоски.

Обвинувањата дека власта не направила ништо за Гостивар, нагласи, ги адресирал човекот на кој, како што рече, живи луѓе му гореа во модуларната болница во Тетово.

– Човекот што ќе остане забележан како рекордер по бројот на починати за време на корона-кризата затоа што не успеа навреме да обезбеди доволно вакцини за да може граѓаните да ги користат и на тој начин да обезбеди, односно да сочува некој човечки живот. Повеќе се занимаваше тогаш со ПР и кампањи отколку со суштината, односно со она што му беше работа. И тоа го зборуваат луѓето што во здравството го донесоа најголемиот скандал, како што е скандалот на Онкологија, за кој постои судски процес, во кој се инволвирани токму овие луѓе – истакна Мицкоски

Според него, водата во Гостивар останува да се користи како техничка поради нова резидуална бактерија во инсталациите, без да има насоки за да биде користена за пиење и готвење.

– И уште некое време таа вода таква ќе остане. Сега веќе во инсталацијата ги нема оние фекални колиморфни бактерии, како што се нарекуваат, но се појави една нова резидуална бактерија, која во инсталациите е присутна поради тоа што долго време не биле користени, а сега со прочистување и со хиперхлорирањето се појавува. Очекувам и овој предизвик да биде надминат. И кога тој предизвик ќе биде надминат, тогаш очекувам, конечно, да се одобри таа вода и за користење, односно за пиење и за готвење – рече Мицкоски. 

Македонска информативна агенција – МИА 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, го означи стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, на кој годинава учествуваат рекордни 15.020 натпреварувачи. Ѓорѓиевски порача дека Скопје денеска е во знакот на спортот, а илјадници учесници со различни цели и лични приказни ги исполнија улиците на главниот град. […]

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top