Македонија

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и обврска да паметиме

Да градиме држава во која почитта кон оние што ја исполниле својата должност кон Македонија ќе биде над времето, политиката и поделбите, порача премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна со пиетет за жртвата на десеттемина припадници на македонските безбедносни сили од пред точно 25 години кај Карпалак.

„Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8 Август е еден од тие датуми. Ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи.

Дваесет и пет години подоцна, времето не ја избриша болката, ниту ја намали нашата почит. Напротив, секоја година не потсетува дека мирот, слободата и татковината имаат вредност која мора да ја чуваме одговорно и достоинствено.
Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме. Да не дозволиме имињата и жртвата на загинатите да бидат заборавени. Да градиме држава во која почитта кон оние што ја исполниле својата должност кон Македонија ќе биде над времето, политиката и поделбите.
Пред нивниот спомен се поклонуваме со благодарност и длабока почит.
Нека е вечен споменот за хероите од Карпалак.
Вечна им слава! 🇲🇰“, порача претседателот на Владата на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top