Македонија

Мицкоски: Македонија е меѓу првите пет земји во Европа по раст на БДП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше најновата статистика на Државниот завод за статистика, истакнувајќи дека Македонија според податоците на Евростат се наоѓа на петтото место во Европа по раст на Бруто домашниот производ (БДП).

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше најновата статистика на Државниот завод за статистика, истакнувајќи дека Македонија според податоците на Евростат се наоѓа на петтото место во Европа по раст на Бруто домашниот производ (БДП).

Мицкоски посочи дека земјава веќе седми квартал по ред бележи економски раст и се наоѓа во горната половина од европските земји, а во моментов е меѓу првите пет.

„Според Евростат, ние сме на петтото место според остварениот раст на БДП. Веднаш позади Малта, Полска и Србија се наоѓаме ние“, рече премиерот.

Како втор важен показател, Мицкоски го истакна растот на индустриското производство. Во април 2026 година, индустриското производство пораснало за 7,6% во споредба со април минатата година, а во првите четири месеци од годината се бележи позитивен раст од 0,2%, иако земјата се соочува со сериозна глобална енергетска криза.

Третиот клучен параметар што го спомена е зголемувањето на вработеноста. Според податоците, во првите 21 месец од мандатот на Владата, бројот на вработени се зголемил за 16.000 нови работни места – од 691.736 во јуни 2024 година, на 707.385 во март 2026 година.

Премиерот призна дека граѓаните се соочуваат со тешки економски предизвици, но порача дека Владата останува фокусирана на подобрување на животниот стандард преку привлекување инвестиции и забрзување на економскиот раст.

„Ова не е спринт, ова е маратон. Потребна е стратегија, план и визија. Ова се победува со ум, а не со брзање и под притисок“, заклучи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top