Македонија

Мицкоски: Македонскиот јазик е темел на нашата самобитност и иднина!

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, премиерот Христијан Мицкоски упати честитка во која ја нагласува важноста на јазикот како клучен столб на националниот идентитет и културното наследство.

– Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја и чувар на колективната меморија. Во него се вткаени борбите, надежите и стремежите на генерации – порача Мицкоски.

Тој истакна дека обврска на сите е да го негуваат и унапредуваат македонскиот јазик, како во земјава, така и на меѓународно ниво. – Нашата должност е јасна – да го чуваме, развиваме и достоинствено претставуваме македонскиот јазик. Во време на предизвици, потребни се единство и верба во вредностите што нè дефинираат – нагласи премиерот.

Мицкоски додаде дека државата останува посветена на заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик како неотуѓиво културно и историско наследство. – Јазикот е наша заедничка обврска, но и наша заедничка иднина. Преку него ја чуваме душата на народот – стои во пораката.



Најнови вести од: Македонија

Домашен притвор за директорката осомничена за загадената вода во Гостивар

Артана Асани беше уапсена во јули заедно со уште двајца раководители во претпријатието, по што им беше определен притвор,. мерката подоцна беше продолжена, а одбраната побара таа да биде заменета со куќен притвор

Повелете, неписмен бугарски публикуме – Адвокатка ги демаскира бугарските напади врз македонскиот капитен

Македонскиот капитен го повтори тоа што преходно во Софија го стори претседателката Сиљановска-Давкова која одби да одговара на бугарски јазик и зборуваше на англиски јазик

To top