Македонија

Мицкоски на вечера со учесниците на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват

На самитот што почнува утре ќе се разговара за евроинтеграцијата на земјите од регионот и за соработката со Унијата

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски присуствуваше на вечерата организирана ос црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ за учесниците на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

„Вечера во организација на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во пријатна и пријателска атмосфера со учесниците на самитот“, објави Мицкоски за социјалните мрежи.

Самитот ќе се одржи утре во хотелот „Риџент Порто Монтенегро“, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија.

Самитот во Тиват на едно место ќе ги собере преставиците на европските институции и на земји-членки на ЕУ на највисоко политичко ниво. Меѓу нив се претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, шпанскиот премиер Педро Санчез, италијанскиот премиер Џорџа Мелони и бројни други европски и регионални лидери.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top