Македонија

Мицкоски: Нашата цел е секој со гордост да каже: „Ова е мојот дом и тука ја гледам својата иднина“

Премиерот со партиска делегација вечерва во Ново Село на настан во организација на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

„Нашата борба е Македонија да биде земја во која младите ќе остануваат, а оние што заминале ќе имаат причина повторно да се вратат дома“, порача премиерот Христијан Мицкоски вечерва од Ново Село.

Да ги оживееме селата, да ги зајакнеме локалните заедници и да создадеме услови за достоинствен живот во секое населено место. Како Влада, остануваме посветени на политики што носат нови инвестиции, подобра инфраструктура, работни места и развој на секој крај од државата. Нашата цел е едноставна, секој човек да може со гордост да каже: ‘Ова е мојот дом и тука ја гледам својата иднина’. Благодарам на жителите и повратниците од Ново Село за топлиот пречек, искрените разговори и довербата. Заедно продолжуваме да градиме посилни општини и посилна Македонија“, рече претседателот на Владата.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top