Македонија

Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“

Мицкоски нагласи дека секој нов објект од ваков тип претставува значаен исчекор во подобрувањето на условите за децата, но и сериозна поддршка за родителите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник на новата градинка „Пролет“ во Општина Карпош, проект кој, како што истакна, има за цел да обезбеди современи и пристојни услови за најмладите.

Мицкоски нагласи дека секој нов објект од ваков тип претставува значаен исчекор во подобрувањето на условите за децата, но и сериозна поддршка за родителите.

„Еве почнуваме еден нов објект, убав објект којшто има за цел да обезбеди практично пристојни услови, современи услови за нашите најмлади, за децата, тоа што претставува наш врвен приоритет овде во Општина Карпош“, изјави премиерот.

Тој посочи дека Владата ќе продолжи да реализира проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, особено кога станува збор за најмладите генерации.

„Секој еден ваков почеток е нешто коешто претставува голем успех, во смисла на тоа дека ќе обезбедиме подобри услови за живот“, рече Мицкоски.

Според премиерот, новата градинка ќе биде простор во кој децата ќе учат, ќе се дружат и ќе го поминуваат времето во безбедна и квалитетна средина.

 

„Нашите најмлади, дечињата во овој објект, ќе учат, ќе другаруваат, нешто коешто за нас претставува врвен приоритет“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека изградбата на вакви објекти е важна и за родителите, кои треба да бидат сигурни дека нивните деца се згрижени и дека ја добиваат потребната нега.

„Родителите коишто ќе ги остават своите дечиња во овој новоизграден објект ќе се чувствуваат сигурни дека децата се згрижени, дека ја добиваат негата којашто ним им е потребна и се разбира тука ќе се образуваат и ќе другаруваат“, порача премиерот.

Мицкоски изрази очекување дека објектот ќе биде изграден во рекордно време, доколку сè се одвива според планираната динамика, и посака во иднина да има уште многу вакви инвестиции.

„Нека е со среќа и уште многу вакви објекти да ни се множат“, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top