Македонија

Мицкоски од Вашингтон: Стратешкото партнерство со САД отвора нови економски и технолошки можности

Стоиме рамо до рамо со САД

По склучувањето на стратешкото партнерство со САД, Македонија се наоѓа во подобра економска и политичка положба. Премиерот Мицкоски кој имаше обраќање од Атлантскиот Самит рече дека стратешкото партнерство со САД не е воопшто случајно и сега земјава стои рамо до рамо со најголемата светска економија. Тој смета дека ова партнерство се одвива добро и дека треба биде трајно за придобивки да имаат не само двете држави туку и целиот балкански регион. Мицкоски потенцираше дека Владата е посветена на проектот за изградба на примарен дата центар, кој според плановите, првично ќе ги приклучи државните институции, кои инаку се предмет на сајбер напади.

„На тој начин ќе имаме една централна точка од која ќе можеме да се справуваме со потенцијалните сајбер-напади и да го заштитиме целиот систем. Цврсто верувам дека на почетокот на следната година ќе започнеме со развој на овој проект. Овој примарен дата-центар ќе биде поврзан со постојниот секундарен, односно резервен дата-центар, а сè ќе биде дополнително поврзано и со одредено клауд-решение, како трет степен на заштита. Имаме план за нова архитектура и позитивни сме дека ќе го следиме тој план. Убеден сум дека на тој начин ќе бидеме многу поотпорни и посигурни отколку во минатото“ – рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека голем удел во изградбата на дата центар има гасното поврзување со Грција и Србија. Потенцираше дека планот е преку гасен интерконектор, американскиот гас од Александрополис да стигне до Централна Европа, истовремено да се изградат гасни централи кои ќе произведуваат струја, која , меѓу другото , ќе биде потребна за работа на податочните центри. Во обраќањето , тој зборуваше и за НАТО, евроинтеграциите на Македонија, како и идните политички предизвици.

Пред овој самит, Мицкоски со владината делегација оствари средби со влијателните конгресмени Клаудиа Тени и Кит Селф. Премиерот објави дека на остварената средба со конгресменката Тени, која инаку е копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД било разговарано за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и САД, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји. Премиерот се сретна и со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. Било разговарано за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за двете држави.

На агендата на посетата, се остварија и разговори со Каролин Вик, претставничка на ДФЦ – финансиска институција којашто финансира проекти ширум светот, најчесто високоразвиени технолошки проекти. Тие биле заинтересирани за проекти во делот на енергетиката, инфраструктурата и напредната технологија, каде што Владата ги понудила расположливите капацитети. Мицкоски во САД ќе учествува на овогодишното Генерално собрание на ОН. Тој посочи дека во рамките на посетата, од билатералните средби коишто се планирани, очекува склучување нови договори коишто се важни за иднината на државата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top