Свет

Војната со Иран ќе заврши на 9 април, тврдат од Израел

Датумот го поставил Вашингтон како краен рок, пишува весникот „Једиот Ахронот“, Техеран го демантира Трамп дека преговараат

Неименуван израелски функционер за весникот „Једиот Ахронот“ изјавил дека „Вашингтон го поставил 9 април како краен датум за завршување на војната, оставајќи околу 21 ден за продолжување на борбите и преговорите“.

Истиот извор додал дека „разговорите меѓу Иран и САД се очекуваат подоцна оваа недела во Пакистан“, истакнувајќи дека Вашингтон не го информирал Израел за деталите од неговите контакти со претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф.

Весникот, исто така, ги цитираше израелските проценки дека САД веќе водат индиректни разговори со Калибаф, по изјавите на американскиот претседател за контакти со Иран со цел завршување на војната. Сепак, Калибаф демантира дека имало разговори со САД, отфрлајќи ги извештаите како „лажни вести“ насочени кон манипулирање на финансиските и нафтените пазари.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека наредил петдневно одложување на сите напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура, наведувајќи ги „многу добрите и продуктивни“ разговори со Техеран во текот на изминатите два дена.

Најнови вести од: Свет

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Трамп: Путин по грешка испрати „неколку мали ракети“ во Полска

Трамп изјави дека „не може ништо да стори“ во врска со фактот што полскиот премиер Доналд Туск неодамна јавно изрази револт поради пријателскиот однос на американскиот претседател кон рускиот претседател

To top