Македонија

Мицкоски отвора нова инвестиција во ТИРЗ „Тетово“

Компанијата е дел од автомобилската индустрија и е специјализирана за дизајн и производство на безбедносни системи, механизми и оперативни кабли за потребите на водечки светски производители на автомобили

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја претстави новата инвестиција на компанијата Jav Automotive во ТИРЗ Тетово, проект со кој се очекува отворање на повеќе од 400 нови работни места.

Компанијата е дел од автомобилската индустрија и е специјализирана за дизајн и производство на безбедносни системи, механизми и оперативни кабли за потребите на водечки светски производители на автомобили.

Покрај во Турција, корпорацијата има свои капацитети и деловно присуство во Канада, Германија и Словачка. Новата инвестиција во Тетово се очекува да придонесе за зголемување на вработеноста и натамошен развој на автомобилскиот сектор во земјава.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top