Македонија

Без возачка – без возило: за пет дена одземени 21 автомобил низ државата

МВР

Во периодот од 1 до 5 февруари 2026 година, на територијата на целата држава, по насоки на јавен обвинител, одземени се вкупно 21 возило, информира Министерство за внатрешни работи во одговор за „Скопје1“.

Од МВР појаснуваат дека возилата биле управувани од лица кои немале положено возачки испит, односно управувале без возачка дозвола, што претставува тешко прекршување на сообраќајните прописи.

Одземањето на возилата се врши согласно измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидена построга санкција за безобѕирно управување со моторно возило, а мерката се применува како превенција и заштита на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Од полицијата најавуваат дека контролите продолжуваат и во наредниот период, а секое управување возило без возачка дозвола ќе биде санкционирано согласно важечките законски решенија.

Најнови вести од: Македонија

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

To top