Македонија

Мицкоски: Повторно лоша вест за опозицијата, нема да банкротираме ниту оваа година!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Тој Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа.

Премиерот изјави дека повторно има воени дејства од големи размери во Персискиот Залив и повторен раст на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи, што, како што нагласува за Владата, претставува предизвик. „Денеска, на вонредна владина седница, ќе ја продолжиме кризната состојба и во рамките на оваа кризна состојба ќе ги намалиме акцизите за безоловните бензини и за дизел-горивата, со што колку-толку ќе влијаеме позитивно за граѓаните, а негативно за цената, бидејќи таа ќе се намали. Очекувам да продолжиме и понатаму да бидеме со убедливо најниска цена на бензините и на дизел-горивата“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општина Велес.

Премиерот нагласи дека голем дел од инвестициите веќе почнува да се реализира и оти следните месеци граѓаните ќе имаат можност да бидат сведоци на сите овие проекти. „Очекувам и во вториот квартал да имаме солиден раст на бруто-домашниот производ имајќи предвид дека во април градежништвото беше над 40 %, трговијата исто така е двоцифрена, имаме раст во туризмот, буквално во сите сегменти. И покрај, би рекол, предизвикувачката состојба, ќе биде тешко, но нема да очајуваме, ќе се бориме. Имаме план, сосема пристојно се полни буџетот, би рекол над нашите очекувања“, истака премиерот Мицкоски.

Тој очекува, како што рече, опозицијата да продолжи со креирање невистини и шпекулации. „Требаше да банкротираме 2024, па не банкротиравме, па 2025-та… Еве повторно лоша вест за опозицијата – нема ни оваа година да банкротираме. Платите ќе се зголемуваат во рамките на колективните договори, во рамките на законот и пензиите. Сите обврски ќе се исплаќаат онака како што е предвидено со буџетот“, потенцира премиерот.

Задоволен е и од реализацијата на капиталните инвестиции, која, според него, исто така, е согласно планот. „Опозицијата нè убедуваше дека во април мигранти ќе шетаат низ Македонија, еве јули завршува – немаме мигранти, повторно на нивна штета, а за добро на граѓаните. Ќе мора тој фолклор и таа естрада да ја слушаме од опозицијата до следните избори, кога народот повторно ќе ги порази и конечно ова естрадно друштво, кое е лидерство во опозицијата, претпоставувам ќе замине од политичката сцена и ќе дојдат луѓе коишто ќе направат една конструктивна структура која ќе се грижи за националните интереси, ќе работи со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на градење на национални ставови“, рече премиерот.

Вели дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резулатите. „Очекувам конечно да почне изградбата на брзата пруга Коридор 10. Шест автопати во еден момент ќе се градат, еден го завршуваме, така што имаме навистина голема реализација на приоритетите. И во периодот којшто следи, лично јас, заедно со ресорните министерства и министри и членови на Влада ги следам овие проекти, така што добрите времиња се пред нас“, рече Мицкоски во одговорот на новинарското прашање.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top