Македонија

Мицкоски: Парламентарното мнозинство на коалицијата „Твоја Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се зголемува на 59 пратеници!

Денес направивме уште еден значаен чекор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување политичка стабилност, како неопходен предуслов за продолжување на реформите, реализација на проектите и исполнување на обврските што ги презедовме пред граѓаните. Верувам дека токму така се гради силна држава – кога политиката не создава нови поделби, туку нови партнерства; кога не се бројат разликите, туку заедничките цели; и кога сите што искрено сакаат да допринесат за напредокот имаат место во заедничкиот пат кон подобра иднина. Продолжуваме посветено, одговорно и со уште поголема енергија. Граѓаните очекуваат резултати, а наша должност е секој ден да ја оправдуваме нивната доверба со работа, реформи и исполнети ветувања, информира премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Со потпишување на Договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија испраќаме јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината на државата, постои простор за обединување околу заеднички вредности, принципи и цели. Ова партнерство е засновано врз доверба, заемно почитување и искрена определба да се работи во интерес на сите граѓани. Посебно ми е драго што денес нашето политичко семејство станува побогато со Демократската партија на Турците на Македонија. Турската заедница е нераскинлив дел од нашето општество, народ кој со својата работа, традиција и лојалност со децении придонесува за развојот на државата. Нашата соработка е доказ дека вистинските политики ги поврзуваат луѓето, а не ги разделуваат, и дека кога постои искрена намера да се работи за граѓаните, различностите стануваат наша предност, истакна Мицкоски.

Тој порача дека не е среќен кога гледа во каква состојба се наоѓа опозицијата.

-Денес зборувам и како претседател на политичката партија која во овој момент ја има најголемата доверба кај граѓаните и претставува најсилниот политички субјект во државата. Некој можеби ќе очекува дека поради тоа сум задоволен. Но, искрено, не сум среќен кога гледам во каква состојба се наоѓа опозицијата. Бидејќи на државата ѝ е потребна силна, сериозна и конструктивна опозиција. Тоа е во интерес на демократијата, во интерес на институциите и, пред сè, во интерес на граѓаните. Од друга страна, парламентарното мнозинство продолжува да се консолидира. Практично Демократската партија на Турците на Македонија од денеска е составен дел на коалицијата, како дел од внатрешната коалиција која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во рамките на македонското собрание и со тоа веќе парламентарното мнозинство добива уште еден пратеник дополнително, а пратеничката група на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот парламент ќе брои 59 пратеници. Тоа за нас не е причина за самозадоволство, ниту политичка привилегија. Напротив, тоа е уште поголема обврска и уште поголема должност кон граѓаните. Колку е поголема довербата што ја добиваме, толку е поголема и нашата одговорност да испорачаме резултати, рече тој.

Истовремено, според Мицкоски, ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е силна, стабилна и моќна политичка структура, која ја препознаваат сè повеќе граѓани и политички субјекти.

-Но, мојата амбиција никогаш не била ВМРО-ДПМНЕ само да победува на избори. Победите се важни, но тие не се крајната цел. Мојата цел е ВМРО-ДПМНЕ да биде политичка сила која обединува, која ги поврзува луѓето околу заеднички вредности, околу развојот на државата и економскиот напредок, владеењето на правото, подобриот живот за секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска и политичка припадност. Верувам дека токму така се гради силна држава – кога политиката не создава нови поделби, туку нови партнерства; кога не се бројат разликите, туку заедничките цели; и кога сите што искрено сакаат да допринесат за напредокот имаат место во заедничкиот пат кон подобра иднина. Продолжуваме посветено, одговорно и со уште поголема енергија. Граѓаните очекуваат резултати, а наша должност е секој ден да ја оправдуваме нивната доверба со работа, реформи и исполнети ветувања, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот до опозицијата: Договорете текст за Изборниот законик, ќе прифатиме и релокација на пари за кампањите

Проблемот е што опозицијата нема единствен став за Изборниот законик, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата и порачува дека досега сите предлози на опозицијата вклучително и повеќе средства за финансирање биле прифатени. Мицкоски ја обвини Левица дека шири лаги дека нема конструктивност во разговорите.

Драма денес во авионот на „Рајанер“ над Македонија за малку ќе се претвореше во трагедија: патници држеа Србин (61) да не излета низ скршениот прозорец на авионот!

Патник (61) од Србија е повреден во денешниот инцидент на авион на „Рајанер“, кој присилно се врати на аеродромот во Солун по откриен дефект на моторот во текот на летот над Македонија. Грчките медиуми објавија дека тој бил спасен од безбедносниот појас и од другите патници, кои го држеле и го влечеле, за да не излета од авионот низ скршениот прозорец!

„Н.М.“: Брисел зборува за „прва и втора ЕУ-лига“, а Трамп ја смести Европа во трета лига!

„Кога американскиот претседател Доналд Трамп деновиве напиша дека ‘Европа станува земја од Третиот Свет’ не употреби само навредлива политичка квалификација. Во јавниот говор денес ‘Трет Свет’ најчесто се користи како синоним за сиромаштија, хаос, криминал, корупција, неразвиеност и нефункционални институции. Со текот на времето, поимот почна да означува не политичка припадност, туку степен на развој. Европа во неговата порака претставува пример што, според него, САД треба да го избегнат.“ – се нагласува во анализата со наслов „Брисел зборува за ‘прва и втора ЕУ-лига’, Трамп ја смести Европа во трета лига“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Стојаноски: Ќе прифатиме сè што ќе договорат опозициските партии, ако остане гласањето на дијаспората

Стојаноски денеска ја повика опозицијата да постигне договор за измените на Изборниот законик, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство ќе ја поддржи секоја варијанта што ќе ја усогласат опозициските партии

Најнови вести

To top