Македонија

Мицкоски побарал одговори од МВР и од АНБ од кого е загрозен Груби

Тоа што Груби сега е во куќен притвор, а не во строг притвор или ефективен затвор, не значи дека оваа мерка е конечна, вели премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има чувство оти многу граѓани се загрижени околу случајот со домашниот притвор што му бил одреден на бегалецот на Артан Груби, и кој, според него, предизвикува немир и во политичкиот живот.

Мицкоски информираше дека побарал објаснување од МВР и од Агенцијата за национална безбедност зошто е проценето дека безбедноста на поранешниот вицепремиер Артан Груби била загрозена додека бил во Истражниот затвор „Скопје“, откако тој се предаде на полицијата по повеќе од една година бегство.

Во гостување на ТВ Канал 5 Мицкоски наведе дека одговорот кој го добил од двете институции е дека проценките се „класифицирани, строго доверливи документи“, што значи дека тие не можат да ги објават или да им ги дадат на други институции, вклучително и на директорот на затворот.

Тој потенцираше дека тоа што Груби сега е во куќен притвор, а не во строг притвор или ефективен затвор, не значи дека оваа мерка е конечна.

„Мерките ги одредуваат обвинителството и судот врз основа на факти… таа одлука може да се менува или надградува“, рече Мицкоски.

Прашањето за Мицкоски уследи откако Јавното обвинителство на Македонија, одговарајќи на реакциите во јавноста што ги предизвика одлуката Артан Груби да биде во куќен притвор, соопшти дека МВР и АНБ процениле дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата безбедност. Плусинфо

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top