Македонија

Мицкоски повикува на единство: Колку сме обединети – толку сме посилни (ВИДЕО)

Мицкоски беше категоричен дека Македонија нема да влезе во процес без јасен и извесен крај.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ставот на Владата останува непроменет и покрај пораките од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека уставните измени остануваат услов за продолжување на евроинтегративниот процес.

Мицкоски беше категоричен дека Македонија нема да влезе во процес без јасен и извесен крај.

„Не постои цена што може мене како претседател на Владата да ме натера да влезам во таква авантура во која нема да има извесен крај“, рече Мицкоски.

Тој оцени дека освен првичните услови, во односите со Бугарија се појавуваат и нови барања, што го комплицира процесот.

„Не само што ова не е единствениот услов, туку напротив, таму драматично се реализира сето тоа“, додаде премиерот.

Мицкоски ја обвини опозицијата дека работи против националните интереси и повика на единство околу политиките на Владата.

„Колку повеќе сме заедно и обединети, толку повеќе сме силни и дома и надвор“, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top