Македонија

Мицкоски: Преферираме редовни избори во 2028, но сме подготвени за сите сценарија

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата и натаму ја преферира опцијата за редовни парламентарни избори во 2028 година, но нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за други можни политички сценарија.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата и натаму ја преферира опцијата за редовни парламентарни избори во 2028 година, но нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за други можни политички сценарија.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека со влегувањето во втората половина од мандатот е потребна политичка подготвеност.

„Политички мудро е, кога ќе влезете во втората половина на мандатот, да бидете подготвени на секакви сценарија“, истакна тој.

Тој повтори дека ставот на Владата останува непроменет.

„Наша опција, која ја преферираме како Влада, е редовни избори во 2028 година. Но сме подготвени секогаш, како политичка партија, доколку тоа опозицијата го бара, да излеземе на терен и повторно да победиме“, порача Мицкоски.

Со ова, премиерот не ја исклучи можноста за предвремени парламентарни избори, но потенцираше дека приоритет на Владата останува завршување на мандатот и одржување редовни избори во 2028 година.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top