Македонија

Мицкоски: Пријавете, ако ви побараат мито!

На прашањето дали има корупција во вашата институција или во државата, 80 проценти велат „да, има“. На второто прашање дали вие сте биле предмет на корупција или познавате некој на општинско ниво, под 5 проценти од испитаниците, а на централно ниво под 3 проценти

Во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават, најави ппремиерот Христијан Мицкоски.

Штом луѓето изградиле таква перцепција, штом тој стереотип е присутен, тоа значи дека тие немаат доверба во институциите, додаде премиерот.

„ Ако е така, тогаш еве оваа организација нека биде носител, а ние ќе ја подржиме. Ако пријавиш корупција тогаш ние ќе можеме да делуваме, но ако ти молчиш и не пријавуваш, тогаш ние не можеме да дејствуваме“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top