Македонија

Мицкоски: СДСМ е најголемата опасност за македонскиот идентитет и македонската држава, нивната цел е да им зададат удар и да ги разнебитат!

„Не би сакал да ја коментирам безидејната, мекотелна опозиција. Опозицијата бара оставки секој ден од секого. Без разлика на тоа какви се нивните аргументи, институциите постапуваат, а и министерот Тошковски на прес-конференција направи јасна ретроспектива за тоа што и како се случувало. СДСМ е најголемата опасност врз македонскиот идентитет и македонската држава и ги замолувам граѓаните со резерва да ги прифаќаат сите лажни конструкции и соопштенија, кои доаѓаат од Бихаќка. бидејќи тие имаат само една цел: да го разнебитат македонското ткиво и да му зададат удар врз македонскиот идентитет.“ – нагласи премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за барањето на СДСМ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да поднесе оставка, поради трагедијата во Карпош.

Мицкоски ги повикува сите жртви на семејно насилство сето тоа да го пријават и да останат на пријавата и да не ја повлекуваат, затоа што, како пто посочи, ако се повлече пријавата, тогаш центрите за социјална работа и Министерството нема да можат можат ништо да направат. Тој беше денеска во посета на Штип.

– Навистина трагедија. Жалам што тоа се случувало во минатото, што се случува и претпоставувам дека ќе имаме вакви настани и во иднина. Но, тој број треба да го намалиме. Ние како држвата и како Влада ќе застанеме целосно во функција на жртвите на ваков тип на девијантно однесување. Ги молам сите оние жртви на девијантно однесување да не се повлекуваат кога ќе пријават – рече Мицкоски.

Премиерот потврди дека ќе има ново ангажирање на асистенти за стари и изнемоштени лица, бидејќи за некои општини сѐ уште се чека изјави.

– Да, да, апсолутно и огласот е распишан и очекувам таа процедура да биде завршена. Средствата се одвоени, така што сето она коешто претставува добра пракса, ние ќе го продолжиме – рече Мицкоски.


Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top