Македонија

Мицкоски со остра порака до Касами: Јас ја составувам владата, задоволен сум од министерот Лимани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од работата на министерот за труд и социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, оценувајќи го како додадена вредност во ресорот.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од работата на министерот за труд и социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, оценувајќи го како додадена вредност во ресорот.

Тој ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање во врска со вечерниот состанок на партијата Беса, на кој, според неофицијални информации, партијата ќе побара Лимани повеќе да не биде министер од нивните редови.

„Јас сум задоволен од работењето на министерот Фатмир Лимани и сметам дека тој е додадена вредност во Министерството за социјални политики, демографија и млади“, рече Мицкоски.

На прашањето дали ќе се согласи со евентуално барање за смена на Лимани, премиерот одговори дека тој е мандатар на Владата и дека тој ја составува нејзината структура.

„Јас сум мандатар на Владата и јас ја составувам. Ако некој тоа го заборавил, еве да го потсетам“, додаде тој.

На дополнително прашање дали е можно министерот за правда Игор Филков да биде опфатен со реконструкција на Владата, како што наводно изјавил претседателот на Беса, Биљал Касами, Мицкоски одговори дека нема информација за тоа и дека прашањето треба да му се упати на Касами.

„Не знам, тоа можете да го прашате господинот Касами“, рече премиерот.

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу коалиционите партнери во владата, особено околу распределбата на ресорите и влијанието на помалите партии во извршната власт. Партијата Беса, како дел од коалицијата, досега имаше министерско место, а евентуална промена би можела да сигнализира поголеми преговарачки процеси или прилагодување на политичките односи во владата.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top