Македонија

Мицкоски: В петок и сабота средби со Вреди и ЗНАМ за владината реконструкција

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска информираше дека во петок и сабота ќе се одржат средбите со коалициските партнери од Вреди и ЗНАМ, на кои ќе се разговара околу најавената реконструкција на Владата. „Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди останува стабилна и ќе продолжи да се развива во истиот правец.“ – нагласи Мицкоски.

„Во петок и сабота се закажани средбите со коалициските партнери од Влен и ЗНАМ. Инаку, сега не сме пред избори, сега сме во втората половина од мандатот, имаме исклучително коректна и пријателска соработка со Влен. Очекувам во таа насока да продолжиме“, посочи Мицкоски. Тој укажа и на резултатите од претходните избори велејќи дека тие се показател за нивната стабилност на терен.

„По реализирањето на нашата соработка, по изборите во 2024 година, следеа локалните избори и тие убедливо победија во 10 општини во Македонија, така што не гледам пречка во овој момент нашата соработка да не продолжи“, истакна премиерот Мицкоски.

Тој и минатата недела најави дека овие денови ќе почнат разговорите со коалициските партнери со кои, како што рече, прво ќе треба да се види дали имаат поклопување на визиите. Билал Касами, еден од сопретседателите на Вреди, која е владин коалициски партнер, рече дека новоформираната партија е подготвена за ротација на ресори во владината реконструкција и оти за тоа го известиле премиерот. Касами рече дека владиното мнозинство е сериозно и нема некој сериозен проблем.


Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

To top