Македонија

Мицкоски: Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8, Мицкоски истакна дека Македонија успешно се соочува со предизвиците, како војната во Заливот и сегашната ситуација со нивото на реката Дунав, кои вршат притисоци врз цената на електричната енергија.

Притоа порача дека политиката на оваа Влада не е да очајува и да одржува панични прес-конференции, туку да работи тивко, со мали чекори, но успешно и сето тоа да додаде вредност на квалитетот на животот на граѓаните. „Нашите акумулации во овој момент, при крајот на сезоната за наводнување, се околу 70 проценти и имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична енергија, сосема доволно за да се чувствуваме безбедни, комотни и да немаме предизвик во делот на снабдувањето со електрична енергија на граѓаните и на индустријата. И нема да правиме панични прес конференции, нема да повикуваме на внимателност во штедењето бидејќи водевме сметка многу порано за да не се случи тоа. Јас сум навистина среќен и задоволен што ја поминавме сезоната со наводнување онака како што планиравме, а сепак, во овој период од месецот, 6 август, имаме над 70 проценти од акумулациите полни и подготвени хидроелектраните да произведуваат електрична енергија“, потенцира Мицкоски.

Тој потсети дека се реализираат големи капитални проекти. „Се надевам дека во втората половина на август ќе можеме да појдеме на лице место, на терен, да посведочиме како се развива најголемата приватна инвестиција во енергетиката, во обновливата енергија, а тоа е ветропаркот на компанијата „Алказар“ во општините Штип, Карбинци, Радовиш, половина милијарда долари инвестиција во трите фази. Таму ќе слушнеме уште една нова вест, но да оставиме инвеститорот тоа да го да го каже. Ние во моментот како земја сме безбедни и комотни, но истовремено правиме план за следните 10 години. Предизвиците наследени од минатото се големи. Но, не очајуваме, ги решаваме. При решавањето имаме, се разбира, и критика. Јас секогаш како претседател на Владата сум подготвен за аргументирана критика и политичка дебата, но секогаш ќе се борам против оној талог во општеството што измислува и врз основа на тие лаги и конструкции создава хистерија и се обидува на тој начин да ја нападне работата на Владата. Е тука ќе се бориме цврсто, зашто тој не смее да победи. Мора да победи трудот, чесната и посветена работа и оние што прават стратегија и имаат визија како оваа земја треба да се развива“, подвлече премиерот.

Земјава, додаде Мицкоски, нудеше по околу половина евро по литар поефтини горива во споредба со тоа што го имаа соседните земји, а со некои соседи таков е слуачјот и сега. „Тоа е политиката на Владата, не да очајува, туку да работи. Од почетокот на годината имаме исклучително големи три предизвици. Првиот е војната во Заливот, војната во Иран и предизвиците што се случуваат со теснецот. Според сите светски енергетски познавачи, тоа претставува историски најголема енергетска криза. И кога почна таа енергетска криза, односно кога почна тој конфликт, сведоци бевме како голем број европски политичари, вклучително и политичари од регионот, држеа панични прес конференции, се обидуваа да укажат на предизвикот што се случуваше кој тогаш беше на самиот почеток. Зборуваа и за последиците. Ние не очајувавме, не одржувавме панични прес конференции, напротив, испраќавме пораки на смиреност дека имаме доволно резерви, дека нема потреба да го ограничиме и извозот од нашите капацитети, дека сме тука да помогнеме и за граѓаните од соседните земји, со тоа што ја одржавме ценовната стабилност, понудивме на пазарот најниски цени за горивата и на тој начин 50-тина проценти во одредени денови се зголеми потрошувачката на горивата поради притисокот што го правеа граѓаните од соседството“, истакна Мицкоски.

Тој се осврна и на нивото на Дунав. „Денеска имаме втор феномен. Втората најголема река во Европа – Дунав во одредени делови е на најниското ниво во последниве 100 години, а на одредени делови се ближи кон најниското ниво во последниве 100 години. Гледате што се случува со нуклеарните централи во Романија, во Чешка, во Унгарија, во хидропотенцијалот на Србија, Бугарија сѐ уште колку-толку ја користи, но прашање на ден е кога сето тоа ќе се исклучи. И тоа врши притисок врз цената на електричната енергија. Бидејќи вие со обновливи извори можете да произведувате енергија, но не може таа да биде базна, па дури и да имате батерии инсталирано. Вам ви треба базна енергија. Базна енергија во најголема мера произведуваат нуклеарните централи коишто во овој момент се исклучија и цените на берзите се огромни. Акумулациите се речиси празни. Но, ние како земја успеавме да направиме стратегија и механизам тоа да не се случи“, истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Привремено се затвораат подрачните училишта во Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче во делчевскиот крај, нема ученици

Четирите подрачни училишта во општина Делчево привремено ќе престанат со работа, поради големото намалување на бројот на ученици и високите трошоци за нивно одржување. Одлуката беше изгласана на седница на Советот на Општина Делчево по спроведената постапка за оптимизација на училишната мрежа.

Барањата на земјоделците се легитимни, премиерот рече дека Владата ќе направи се да им помогне

Премиерот оцени дека барањата на земјоделците струмичко кои најавија протести се легитимни и владата преку механизмите кои ѝ стојат на располагање ќе направи се што е во нејзина можност за да им помогне.

Водата во четири тетовски села е забранета за пиење!

„Се информираат сите жители на селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица дека, по извршените анализи за квалитетот на водата, е утврдено оти водата не ги исполнува условите за употреба како вода за пиење. Поради тоа, се забранува користење на водата за пиење сè до следното известување од надлежните институции”, соопшти тетовското јавно комунално претпријатие (ЈКП) „Шар“.

Шахистките на ШК „Алкалоид“ ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство

Продолжија возбудувањата на екипните првенства на Македонија во шах во машка (10 екипи) и женска конкуренција (седум екипи) во Струга. Во дербито кај шахистките, бранителот на титулата Алкалоид го победи МШК Центар со 2,5-1,5 поени, а кај шахистите водечките екипи, актуелниот шампион Алкалоид и Гамбит Ассеко СЕЕ го задржаа водството со по максимални пет победи.

Се бара истрага за работата на спортските канали Арена во Македонија

Националните радиодифузери членки на Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ се сериозно вознемирени од индициите дека со работењето на неколку нови телевизиски сервиси кои се креирани од српски компании блиски до државата, се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони, се наведува во реакцијата на ММА и МРТ, а во врска со работењето на спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум.

Мицкоски: Засега нема нови критериуми за пристапување во ЕУ, изјавата на Кос не се однесуваше на Македонија

„Изјавата на еврокомесарката Марта Кос е дадена во поинаква конотација и таа не се однесува на Македонија како држава. Ние имаме целосно усогласена безбедносна и надворешна политика со Европската Унија. Работиме на реформската агенда и ќе направиме се да бидеме најдобри на тој план како и досега.“ – нагласува премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top