Македонија

„МКД.мк“: Филозофски факултет запишувал магистранти и докторанти без завршени додипломски и им наплаќал од 2 до 6 илјади евра?!

„Студенти без додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Откако ова било откриено од Државниот просветен инпекторат и студиите им биле прекинати на запишаните студенти, сега нема кој да им ги врати парите. Се работи за десетина запишани студенти на магистерски и докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите. Уписот на магистерски студии чини околу 2-3 илјади евра, а на докторските студии на Филозофскиот факултет чини 5-6 илјади евра.“ – објави информативниот портал „МКД.мк“ во својата статија со наслов „Филозофски факултет на магистерски и докторски студии запишувал луѓе без завршени додипломски “.

Натаму порталот пишува: Студентите сега си ги бараат парите назад, но не добиваат никаков одговор од деканатот. Неофицијално, дел од нив веќе ангажирале адвокати, а по записникот од Државниот просветен инспекторат паниката се преселила во деканатот на Филозофскиот факултет.

На прашањата на МКД.мк за овој случај, од Министерството за образование ни рекоа дека по поднесена пријава Државниот просветен инспекторат спровел вонреден инпекциски надзор. По извршениот надзор било утврдено дека на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје биле запишувани студенти на втор и трет циклус на студии (магистерски и докторски студии) без исполнување на условите предвидени со Законот за високото образование.

„Констатирани се неправилности, поради што од страна на инспекторатот се донесени соодветни решенија со кои е наложено поништување на извршените уписи, согласно законските надлежности. Во однос на прашањата поврзани со евентуално враќање на уплатените средства, надомест на штета поради изгубено време, како и последици врз работниот статус на засегнатите лица, ве известуваме дека овие прашања не се во надлежност на Државниот просветен инспекторат, туку истите може да се остваруваат во соодветни постапки пред надлежни органи и институции“, се вели во одговорот на Министерството за образование.

Декан на Филозофскиот факултет е Оливер Бакрески, а во периодот кога студентите биле запишувани тој бил продекан. Ги очекуваме одговорите на нашите прашања од Филозофскиот факултет., се наведува во статијата на „МКД.мк“.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Патот кон ЕУ мора да се темели на заслуги, не на билатерални прашања!

Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекуваме јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема предвидливост, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со литванскиот колега, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјата. На прашањето како го коментира тоа што министерот Будрис изјави дека сега е моментот за проширување и треба да се искористи, Муцунски оцени дека постои широка поддршка од земјите-членки за напредокот на Македонија, но дека се неопходни јасни уверувања за непречено одвивање на евроинтегративниот процес.

Будрис: Македонија е на вистинскиот пат

Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа – истакна министерот за надворешни работи на Литванија на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Муцунски

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

To top