Македонија

МКД.мк: Син на обвинителка вработен во АР вмешан во шверц на луксузни возила, ЈО за него не бара притвор

Длабока држава или плитка истрага

Синот на обвинителката кој е вмешан во аферата со шверц на луксузни возила засега куртулива од притвор затоа што институцијата каде работи мајка му не бара такви мерки за него.

Син на обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е вмешан во аферата со шверц на луксузни автомобили за која Јавното обвинителство пред неколку дена соопшти дека поведени се постапки против пет лица.
Како што дознава МКД.мк се работи за синот на обвинителката Енгелуше Кадриу Леши, кој сега е вработен во Агенцијата за разузнавање.

За тројцата осомничени кои се дел од постапката побарана е мерка притвор, но тоа не е случај со синот на обвинителката и неговиот колега кои се осомничени за фалсификување службена исправа.

За овој случај од ОЈО за МКД.мк одговориле дека обвинителот постапува според доказите и дејствијата на осомничените, без разлика на евентуалните семејни или други релации.

„Во конкретниот случај, како што претходно известивме постапка е поведена против вкупно 5 лица од кои три се осомничени за кривични дела криумчарење и фалсификување исправи и за сите нив беше побарана мерка притвор. За двете службени лица кои се осомничени за дело фалсификување службена исправа, дело кое се гони во скратена постапка, не беа исполнети законските основи да се бараат мерки за обезбедување. Двете лица се достапни во досегашниот тек на постапката, беше извршен претрес во нивните домови и веќе дадоа исказ пред јавен обвинител во својство на осомничени“, стои во одговорот од ОЈО до МКД.мк.

Основното јавно обвинителство Скопје пред неколку дена извести дека е поведена постапка против три лица за кривични дела, криумчарење и фалсификување исправи.

Повеќе детали на МКД.мк

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top