Македонија

„МКД.мк“: Во Липково вчера се „славеше„ „слободна територија Карадак“ од конфликтот во 2001 година!

Во Липково вчера беше „прославен“ 2 мај, за општината познат како „Ден на прогласувањето на слободната зона Карадак“, Кумановско, и како Ден на општината. На својот фејсбук-профил пратеникот Ријад Шаќири од Алијансата на Албанците од колицијата Вреди, напиша дека заедно со градоначалникот Еркан Арифи (од ДУИ), општинските советници на гробиштата „оддадоа почит на мачениците кои ги положија своите животи во 2001 година“. Ова го објави информативниот портал „МКД.мк“

Натаму порталот пишува:Карадак, планински регион во Кумановско, во 2001 година беше симболичен термин за „ослободена“ територија од ОНА/УЧК.

 

„Пред нивното возвишено дело и жртва, секој збор останува мал. Тие загинаа за достоинството, слободата и за иднината на нашиот народ. Крвта на мачениците е најголемиот завет за идните генерации и темелот врз кој почива нашата национална гордост. Денес се поклонуваме не само пред нивните гробови, туку и пред славната приказна што ја пишуваат со своите животи. Вечна слава на мачениците на нацијата“, напиша вчера Шаќири на својот фејсбук-профил.


Тој објави неколку фотографии од прославата пред споменикот на Исмет Јашари, познат како командант Кока на УЧК, загинат за време на конфликтот во 2001 година. Јашари бил активен во вооружените дејства во северниот дел на Македонија. Ријад Шаќири е пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на Алијанстаа за Албанците. Тој во февруари годинава на собраниска седница се појави со значка на реверот, на која имаше албанско знаме. Тоа предизвика тензии. Тогаш, на седница за пратенички прашања реагираше премиерот Христијан Мицкоски, забележувајќи му на Шаќири дека на реверот носи значка со албанското знаме. Премиерот му посочи на Шаќири дека плата добива од буџетот, којшто го полнат сите граѓани.

„Последно што знам вие сте пратеник во македонскиот парламент и плата добивате од буџетот којшто го полнат сите граѓани без оглед на етничката припадност. Можеби добра порака ќе беше ако дојдевте со таква значка, но вие таа можност ја пропуштивте“, му рече Мицкоски на Шаќири.

Пратеникот одговори дека знамето е негов национален симбол и оти се гордее дека е Албанец. „Ова ми го даде претседателот на Албанија. Кога вие ќе ми донесете значка со Република С.Македонија, на идната седница ќе ја носам и неа. Но сум докажал со својата работа дека сум космополит. Не сум правел никогаш поделби врз верска и етничка основа.“, рече Шаќири.

Подоцна за време на седницата му беше врачена значка со македонско знаме, која тој веднаш ја стави на реверот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Летово најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат подготвени за брз одговор

Артан Демири од Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ од Чаир рече дека располагаат со повеќе возила и можат да помогнат при пожари и други елементарни непогоди, додека претседателот на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, Златко Илиев, посочи дека најголем проблем претставуваат финансирањето, набавката на опрема и високите давачки за увоз на возила.

Пенков: Економскиот раст на државата ќе продолжи со новиот ребаланс

Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека преку ребалансот ќе се реализираат капитални проекти кој ќе придонесат за развој и напредок на државата. „Правилното насочување на парите во капитални проекти е основата за растот на бруто домашниот производ“, рече Пенков.

Во Собранието утре повторен обид за договор за Изборниот закон

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Ако биде постигната согласност во Парламентот за Изборниот закон, тогаш СДСМ и Левица ќе ги повлечат амандманите и процесот ќе се одблокира. Измените и дополнувањата на Изборниот законик е последната од десетте точки во грејс периодот за Македонија во контекст на реформските процеси.

To top