Македонија Бизнис

Многу е лесно да се лаже и манипулира со пратенички имунитет, му порача на Битиќи Димитриеска-Кочоска

Многу е лесно да се лаже и манипулира со пратенички имунитет. Храбар и сигурен, се врати двапати на говорницата, те повикувам истото да го повториш и надвор од Собранието му се обрати министерката Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. Инаку, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на […]

Многу е лесно да се лаже и манипулира со пратенички имунитет. Храбар и сигурен, се врати двапати на говорницата, те повикувам истото да го повториш и надвор од Собранието му се обрати министерката Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. Инаку, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, тој упати прашање до министерката за финансии, а се однесуваше на реалната состојба со јавниот долг и тековните задолжувања на државата.

  • Која е реалната состојба со јавниот долг на државата и дали Министерството за финансии планира да ја ревидира стратегијата за задолжување, земајќи ги предвид зголемените трошоци за камати, растот на БДП од 3% во првиот квартал и над 700-те милиони евра на пријавени доспеани, а неизмирени обврски на буџетските корисници?“

Министерката Фимитриеска-Кочоска одговори дека за седум години претходната влада направила долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму.

Димитриеска Кочоска истакна дека во континуитет претходната влада се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки.

  • Кога станува збор за јавен долг имате најмалку право да зборувате кој го зголемил долгот за 3,3 милијарди и тоа е факт којшто ќе ѕвони уште 30 години – рече таа.

https://www.facebook.com/watch/?v=1751109232202887

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top