Македонија

„Мој, мој, па преку мој“: И Перо Камиказа удри по Митко Јанчев

Има и Македонија коњи за трка, групата нема да свири во Кавадарци додека е тој градоначалник

Во дебатата за македонската музика која е во дефанзива пред српската музичка хегемонија која ја видат пејачот Спасен Сиљановски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев се вклучи и легендарниот член на култната македонска група Меморија Петар Георгиевски познат како Перо Камиказа.

Целиот пост на Камиказе:

Мој, мој па преку мој🤔 господине Јанчев!

Јас и овој ликот изгледа живееме во две различни држави! Да му кажам дека Меморија продаде преку 6000 влезници во арената Борис Трајковски. Значи исто, ако не и повеќе, од сите звезди од соседтството!!!

Ни еден концерт на тие звезди, не беше ни сличен по техничка опременост и креативна обработка на оние кој ги плаќате со десетици иљади евра.

Нивните концерти се само гола тезга и ништо друго!!! Тука не ги мешам вкусовите и публиката, но ако кај нас имаше на десетици автобуси од цела Македонија, треба да ти кажам дека имаше и преку 500 тини нашинци кој специално со цели семејства допатуваа од разни држави од светот за да го гледаат и присуствуваат на овој спектакл.

Тоа што ти си зафатен со правење лимонада и не знаеш што се случува во државата е твој проблем!!!! Значи ако платиле близу 6000 луѓе влезници, што мислиш, колку ќе дојдеа за без пари да не гледаат,а?!

Но ние имавме во април сериозен проблем со здравјето на еден од членовите и ги откажавме сите настапи до август!!! Во септември ќе имаме два или три настапи, а за другото потоа!!!

Прави лимунада, терај бизнис со соседите кој со сигурност не плаќаат данок во Македонија, и згора на тоа поединци блиски до вас продолжете да се товарате со парите од даноците на граѓаните.

Инаку Меморија за својот концерт плати скоро 1. 000. 000 ддв од приходот од картите, пари што вие ќе им ги дадете на соседите!!!! Затоа полна поддршка за напишаното од колегите Спасе Сиљановски и Лабе Алабаковски!!! Прави лимунада и не, ај ќе бидам пристоен….кини зелени!!!!

Има и Македонија коњи за трка✊. Македонија вечна!!!🥰. И да, ќе заборавев, ова не е пишано за да “помислиш“ на нас. Додека си ти градоначалник на Кавадарци, Меморија никогаш нема да свири во Кавадарци.

Еве што пишал завалијата!!! Или што ме испровоцира да го пишам овој текст!!”, пишува Камиказе.

Што го испровоцира Камиказа да реагира на ОВОЈ ЛИНК

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top