Македонија Бизнис

Можно е да поскапи парното греење?!

Ја дознавме Одлуката на Уставниот суд од медиумите, сѐ уште немаме добиено официјално известување. Вообичаено одлуки на Уставен суд не се коментираат, но оваа Одлука значи дека апсолутно сега се либерализира постапката за исклучување на потрошувачите од системот за топлинска енергија. Тоа може да доведе до зголемен број исклучени потрошувачи, што, пак, ќе влијае негативно […]

Ја дознавме Одлуката на Уставниот суд од медиумите, сѐ уште немаме добиено официјално известување. Вообичаено одлуки на Уставен суд не се коментираат, но оваа Одлука значи дека апсолутно сега се либерализира постапката за исклучување на потрошувачите од системот за топлинска енергија. Тоа може да доведе до зголемен број исклучени потрошувачи, што, пак, ќе влијае негативно на цената за топлинска енергија, односно ќе доведе до нејзино зголемување, рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Според него, зголемениот број потрошувачи кои би се грееле на струја, ќе го оптоварат особено дистрибутивниот систем во Скопје кој е проектиран со трафостаници и мрежа со послаб капацитет таму каде што има организиран систем за топлинска енергија.

  • Особено се плашам дека тие потрошувачи кои би се исклучиле и би почнале да се греат на струја, ќе го оптоварат  дистрибутивниот систем во Скопје. Ние како РКЕ ќе ја почитуваме одлуката на Уставниот суд, но кажувам што ќе значи тоа во пракса – можност за полесно исклучување, намалување на бројот на потрошувачи на топлинска енергија, што може да доведе до зголемување на цената за парно и да имаме домаќинства кои повеќе ќе се греат на електрична енергија – рече Бислимовски.

Во врска со прекинот на струја минатиот викенд во речиси цела Македонија, МЕПСО до денеска требало да испрати целосна информација за тоа што се случило. Бислимоски оцени и дека извештајот од Шпанија и од Португалија за испадот со електрична енергија ќе биде добро искуство за сите останати преносни систем-оператори во Европа.

  • Има зголемено производство на електрична енергија и сите преносни систем-оператори во координација со нивното европско здружение преземаат мерки за да не доаѓа до „блек аут“. Тие мерки во текот на денот добро функционираат. Некаде за Велигден дел од фотоволтаичните електрани по налог на МЕПСО беа исклучени и во тој дел не очекувам да има проблеми. Никогаш не може со сигурност да се каже, но сите механизми што му стојат на располагање на МЕПСО и во координација со соседните системоператори се преземаат соодветни мерки. Во неделата се случи испад во периоди кога не произведуваат фотоволтаичните електрани. МЕПСО до денес ќе ни испрати целосна информација што се случило – Бислимоски.

Според него, повисоките напони се регулираат и со системските резерви.

  • МЕПСО ќе распише тендер за поставување поголема кондензаторска батерија во Неготино и тој проблем ќе биде надминат во наредниот период. Во критични режими на работа, операторот на електропреносниот систем секаде во Европа, па и во Македонија, има обврска да преземе мерки за да го задржи целокупниот систем стабилен – вели Бислимоски.

Тој дополни и дека со новиот Закон за енергетика се овозможува поставување батериски системи.

  • Верувам дека тоа во наредниот период ќе се случи зашто има голем број сопственици на фотоволтаични електрани кои се заинтересирани за поставување батериски системи. Тие ќе имаат право да постават батериски системи со моќност колку моќноста на фотоволтаичните електрани. Обврска ќе биде кај сите фотоволтаични електрани и таму каде што има батериски системи, да се постават уреди за далечинско управување на системите. Се разгледува можноста дел од капацитетот на батериите да биде даден на МЕПСО за системски услуги, односно за балансирање, за соодветен пазарен надомест – информира Бислимоски според кого МЕПСО во моментов има системски резерви од ЕСМ, а во некои периоди од денот или годината, тие услуги ги дава и ТЕ-ТО.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Муцунски за инцидентот пред бугарската амбасада: Го осудуваме, но тоа е изолиран случај!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот во кој од страна на еден сторител е искршена влезната врата на бугарската амбасада во Скопје. Според првичните информации, се работи за изолиран случај во кој е причинета материјална штета во не голем обем, вели Муцунски.

Јанкуловски: Многу се накотија печурките, хранети со политичките фекалии на СДСм, кој преку закани кон Героски охрабрува на неријателство кон медиумите!

„Во Македонија премногу се накотија печурките, потхранувани со политичките гом’а на социјалдемократите, за да може да изрти семето на слободниот говор во медиумите! Заканите кон новинарите, кои се случуваат денес, се израз на политичка разгаленост и неотпорност на арогантни политичари да се поднесе критика. Преку закани, омаловажување и оцрнување на новинарот Героски СДСм ги охрабрува своите поддржувачи да не им веруваат на медиумите, со кои не се согласуваат, свесно поттикнувајќи неподнесување и отворено непријателство кон секој оној кој се обидува да ја оствари својата мисија за барање вистина и известување за неа.“ – нагласува универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски во својата жестока колумна со наслов „Политика на „меки стомаци“ – да го вратиме Волтер во Македонија“, која ја обави информативната агенција Нетпрес.

Поранешниот владин претставник за олеснување затегнатите на односите со Бугарија стана бизнисмен

Поранешниот премиер и специјален владин претставник за олеснување на затегнатите односи со Бугарија, Владо Бучковски, презеде фирма и официјално стана бизнисмен.

To top