Македонија Бизнис

Можно ли е од вишок струја, Македонија да остане без електрична енергија?!

Македонија мора да вложува во електропреносниот систем за да може да го прифати новото производство на електрична енергија кое доаѓа од вложувањата во обновливи извори, посебно од фотоволтаичните централи. Или да гради базни електрани кои ќе ја намалат опасноста од испади на системот, објави Плусинфо. Во спротивно ќе мора да издава помалку дозволи за енергетски капацитети […]

Македонија мора да вложува во електропреносниот систем за да може да го прифати новото производство на електрична енергија кое доаѓа од вложувањата во обновливи извори, посебно од фотоволтаичните централи. Или да гради базни електрани кои ќе ја намалат опасноста од испади на системот, објави Плусинфо. Во спротивно ќе мора да издава помалку дозволи за енергетски капацитети или инвеститорите ќе треба самите да го решаваат вишокот на производство кое не може да го прими системот преку дополнително вложување во системи за чување или трошење на веќе произведената енергија, велат експерти.

Околу 41% од електричната енергија во земјава се произведува од обновливи извори, што е добро со оглед на планот за брза замена на јагленот во производството на струја, но неконтролираното вложување може да предизвика проблеми во прифаќањето на таа енергија, велат тие.

– Со новиот Закон за енергетика се скратува можноста за издавање дозволи за инсталирање фотоволтаични централи без да се размислува за потребите од струја на земјата, но и покрај тоа останува да се работи на системот за прифаќање на таа енергија која се произведува и можноста таа да излезе од земјата и да се продаде – вели професорот Константин Димитров.

Тој посочува дека не треба инвеститорите самите да се остават да го решаваат проблемот, туку и државата треба да вложува во преодниот систем.

– Производителите имаат можност да ја складираат енергијата во батериски системи, но имаат и други можности како производство на хидроген или компримиран воздух. Тие самите ќе одлучат што ќе прават. Сега целото производство оди во системот и во одредени периоди го дебалансира. Навистина има можност за исклучување на фотоволтаичните централи, тоа право го има преносникот МЕПСО, но таа енергија треба да се искористи, а не да не се произведе, зашто има можности – вели тој.

За Велигден имавме едно дебалансирање на системот кога производството беше поголемо од потрошувачката, а пазарите и надвор од земјава немаа потреба од енергија, па се донесе одлука да се исклучат фотоволтаичните централи чија цена на струјата тие денови беше 0 денари. Колапсот на електроенергетскиот систем што се случи во Шпанија и во Португалија минатиот месец, ја алармира и земјава, бидејќи како една од причините за испадот беше наведена неискористена енергија од фотоволтаични централи.

Одговорните во енергетиката велат дека нема да се дозволи испад сличен на оној во Шпанија, бидејќи се координираат активностите, но не можат да бидат сигурни дали испад на системот не може да дојде од регионот со кој сме поврзани.

Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, во употреба се фотоволтаични централи со инсталирана моќност од околу 850 мегавати. Тоа е повеќе од половина од потенцијалот на македонската електропреносна мрежа кој се проценува на 1.500 мегавати. Инсталираната моќност на обновливите извори на енергија е 55,72%, по што следат термоелектраните со 34,65% и остатокот од 9,63% е на ТЕ-ТО. Само, фотоволтаичните централи учествуваат со 28,4%. Ова го наметнува и прашањето дали досега премногу се дадени дозволи за изградба на фотоволтаични централи, наместо да се градат големи базни хидроелектрани.

Од Регулаторната комисија велат дека уште има простор за инсталирање сончеви капацитети за производство на струја бидејќи преносниот систем има уште капацитет да ги прими, но потребно е да се инвестира во батериски или во друг вид систем за чување на енергијата.

Професорот Ристо Цицонков вели дека оваа хиперпродукција со инсталирање соларни системи и преоптовареноста на мрежата во часовите кога не се произведува соларна енергија може да се надмине со синхронизација на други извори од други капацитети, како хидроцентралата Чебрен и слично. Во меѓувреме треба да најдеме начин за балансирање на системот преку систем за чување на енергијата.

– Треба целокупниот енергетски систем да се контролира на многу пософистициран начин (smart grids). Во моментите кога има вишок на електрична енергија од обновливи извори (сонце и ветер) не треба производството да се стопира, туку вишокот да се складира. Има неколку опции за складирање – батерии – тие се скапи, имаат релативно мал капацитет и складирањето трае кратко време, производство на водород со електролиза. И овој систем е скап, но се претпоставува дека во иднина ќе биде подостапно. Пумпно-акумулациски хидроцентрали (на пример во иднина Чебрен), реверзибилни хидроцентрали. Ова моментално е многу атрактивна опција, но една таква можност е и изградба на т.н. Козјак-запад – вели Цицонков.

Главен проблем според него, е што на земјава ѝ е потребна базна енергија.

– Тоа се гледа од потребата за увоз на електрична енергија секоја година (околу 30%). За да се обезбеди базна електрична енергија треба итно да се почне изградбата на Чебрен, но приоритет треба да има реверзибилната централа Козјак-запад, а можеби и други централи од тој тип. Притоа, сите тие треба да бидат во државна сопственост – вели тој.

Министерството за енергетика прави напори да се среди состојбата во енергетиката, преку новините во Законот за енергетика, но и преку најавените инвестиции за обезбедување стабилност на системот.

– Градиме енергетски систем кој нуди стабилност, доверба и одржливост. Новиот Закон за енергетика, праведната транзиција и инвестициските активности во обновливи извори се клучни алатки со кои го трансформираме нашиот енергетски сектор – изјави денеска министерката Сања Божиновска во обраќањето на состанокот на секторската работна група за енергетика.

Таа подвлече дека веќе се финализирани неколку договори со KfW, ЕБОР и ЕИБ за инвестиции во соларни и ветерни централи и мрежна инфраструктура, а во тек е и подготовка на нови закони за обновливи извори и енергетска ефикасност кои треба да стават ред и во тој дел од секторот. Од страна на МЕПСО, веќе презентираа активности за модернизација на преносната мрежа, дигитализација, сајбер-безбедност и зајакнување на инфраструктурата.

– Работиме со јасна визија и ограничени ресурси, но со континуирана посветеност да ја модернизираме нашата енергетска мрежа и нашите енергетски капацитети во служба на иднината – рече Божиновска.

Од Министерството за енергетика велат дека системот е добро вмрежен со регионот со кој се дискутираат мерките што се препорачуваат на меѓународно ниво, но се прават напори и за подобрување на преносниот систем.

– Правиме проекција за десет години во мрежата на МЕПСО, бидејќи за сите тие обновливи извори на енергија потребно е да има каде да се приклучат. Ние веќе почнавме со еден грант во Милетково, ја зајакнуваме мрежата на МЕПСО и сега ќе направиме план да видиме каде ни се потребни додатни инвестиции во инфраструктурата и во мрежата. Исто така ќе имаме нов далновод со Албанија што ќе почне да се гради, што значи интензивно работиме на подобрување на нашата мрежа – велат од таму.

Во неделата (18.05.2025) во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин беа високите напони на 400-киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, објасни АД МЕПСО во врска прекинот на електрична енергија низ целата земја. Електричната енергија се врати во функција за еден, а во некои места за два часа по прекинот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

Наставник (52) од Средното уметничко училиште во Скопје барал од 18-годишна ученичка да имаат сексуални односи – Полицијата го уапси!

СВР Скопје објави дека е уапсен наставник од средно училиште во Скопје поради вознемирување на 18-годишна ученичка од која барал да имаат сексуални односи. Станува збор за наставник од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кого ученички го пријавиле кај директорот. Потоа бил суспендиран и била поднесена пријава против него во полиција.

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација.

Стојкоски: На повеќе од 30 бензински пумпи имало прекин во точењето гориво, но продолжија, по дополна на резервоарите

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денес информираше дека над 300 инспекциски контроли се извршени на бензинските пумпи во државата за да се провери дали се точело гориво под пазарни принципи по одлуката за зголемување на цените од полноќ.

Најнови вести

To top