Македонија

МТВ: Сиљановска-Давкова напиша посебни пораки за сите 63 загинати во Кочани

Според информација која што досега јавноста не ја знааеше минатата година, веднаш по трагедијата, таа упатила лични писма со сочувство до семејствата на сите починати

Денеска во Кочани на одбележувањето на годишнината од трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“, каде што животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени семејствата на загинатите добија вечни лични пораки претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Откако Сиљановска-Давкова положи свежо цвеќе, разговарала со семејствата на загинатите и поврдените и се потпишала во заедничката книга на жалоста таа присуствувала на комеморативниот настан, како што пренесуваат медиумите.

Според објавите на МТВ, по завршувањето на настанот претседателката се упатила во спомен-собата каде што се поставени фотографии од сите 63 починати.

Како што јавува известувачот на МТВ од Кочани Катерина Топалова претседателката напишала посебни лични пораки во поставените тефтери за посвета.

Сиљановска-Давкова напишала вкупно 63 пораки, по една за секоја од жртвите, според дел од присутните таа пишувала лични пораки за сите загинати посебно речиси два часа.

МТВ објавува информација која што досега јавноста не ја знааеше, дека минатата година, лани веднаш по трагедијата, претседателката упатила лични писма со сочувство до семејствата на сите починати.

Утринава, во 2:32 часот, на претседателската веб-страница беа објавени имињата на жртвите со пораката:
„Оние кои ги загубивме ќе живеат со нас, сè додека постојат љубовта и сеќавањето за нив. Нивните имиња се трајно врежани во македонската колективна меморија.“

Вечни во нашите срца!

Целата репортажа на МТВ на овој линк

https://play.mrt.com.mk/play/592572

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top