Македонија

Муцунски и Кос телефонски разговарале за предизвикот со превозниците и евроинтегративниот процес на Македонија

Економските превизвици и евроинтегративниот процес на земјава биле во фокусот на телефонскиот разговор што министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска попладне го остварил со еврокомесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос.

Актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес беа во фокусот на телефонскот разговор попладневно меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

  • „Соговорниците разменија мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик. Во тој контекст, министерот Муцунски ја нагласи потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија“, соопшти МНР.

Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, се додава во соопштението, министерот Муцунски ја потврди јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда.

Во врска со проблемот со професоналните превозници, од Асоцијацијата „Макам-транс“ попладнево соопштиј дека вечерва од 20 часот ги повлекуваат блокадите на товарниот сообраќај на граничните премини што ги почнаа во понеделникот барајќи од Европската Унија (ЕУ) да го измени правилото за електронска евиденција за престој на превозниците во земјите од Шенген-зоната.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top