Македонија

Муцунски ја повика Софија да се однесува рационално

„…да не биде заглавена во ретроградните наративи коишто за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад“, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција „Она што го прави Софија во последниот период, оној експлицитен обид од кој стравуваме и со сите наши […]

„…да не биде заглавена во ретроградните наративи коишто за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад“, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција

„Она што го прави Софија во последниот период, оној експлицитен обид од кој стравуваме и со сите наши сили се спротивставуваме за редефинирање на нашиот идентитет е ретрограден, не му користи на регионот и на народите на двете земи, кои за жал поради таквиот однос се сè повеќе оддалечени едни од други во историјата“, рече Муцуснки.

Министерот не смета дека во Македонија постои говор на омраза, и како што рече, доколку некој за таков ја смета нашата потреба од афирмација на македонскиот јазик и идентитет, тогаш проблемот е поголем и од она што ние мислиме дека го имаме како проблем.

„Никаде во официјални изјави на високи претставици на нашата држава, да го затворам кругот со тројцата кои ја креираме и спроведуваме надворешната политика на државата – претседателката, претседателот на Владата и јас како министер, не сум видел ни една изјава со каков било говор на омраза, а детално ги следам сите“, рече Муцунски.

Муцунски истакна дека кај огромно мнозинство земји во ЕУ има силно разбирање за длабоките фрустарации на македонскиот народ и македонската држава на нашиот евроинтегративен пат, како и свест и за тоа дека она што и случува на нашата држава не придонесува за легитимитетот на полтиката на проширување, која историски гледано знаела да биде најтрансформативната политика.

Тој рече дека Македонија, како земја со статус кандидат, прави сè што може да развие еден реален дискурс во рамките на сите европски институции за создавање свест за она што ѝ се правело на оваа држава повќе од 30 години, но, како што нагласи, и свест за контекстот за тоа што ѝ се прави сега, во ова време во кое живееме со вистински турбуленции.

„Ние сакаме пат напред кон ЕУ. Да дискутираме за компромис, но сакаме да дискутираме и за предвидливост, односно гаранции по хипотетичко согласување за некој компромис. Затоа велиме имаме неколку многу јасни црвени линии од кои нема да отстапиме.

Тие се поврзани примарно со јазикот, со идентитетските обележја, тука вклучувајќи ја потребата од афирмација на нашето културолошко и историско минато, академска слобода за секоја дискусија по тоа шрашање, и секако да не дозволиме и да се игнорира фактичката состојба, односно очигледните прекршувања кои нашиот сосед Бугарија ги прави во почитување на принципите кои произлегуваат од меѓународното јавно право, а за кои тие имаат обрска да ги имплементираа“, истакна шефот на македонската дипломатијата мислејќи на неисполнувањето на пресудите на ЕСЧП за непочитување на правата на македонско малцинтво во Бугарија.

„Не може наш сосед, бидејќи тој е сега земја-членка на ЕУ, да го користи тоа како своја алатка за редефинирање на нашиот национален идентитет. Срамота е тоа да се прави во 21 век. Затоа повикуваме на рационалност и свест за одговорноста која сите заедно ја имаме кон нашиот регион и нашиот континент“, рече министерот.

Тој смета дека изгласувањето на извештајот за Македонија во АФЕТ е историски момент, но не и момент за триумф, како и дека не се знае каков ќе биде извештајот што ќе биде усвоен во Европскиот парламент. (МКД.МК)

Најнови вести од: Македонија

Судир меѓу Али Ахмети и Албин Курти и партијата Ветвендосје, кои го нападнаа дека „ја користи УЧК заради политика“!

По одржувањето на протестниот митинг во Тирана за раководителите на Косовската УЧК, на кои им се суди во Специјалниот суд во Хаг, избија нови „искричења“ и конфронтации меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на косовската партија Ветвендосје, кои, ионака од поодамна не се во добри односи, односи, што веќе задобиваат димензии на отворен политички судир.

„Фол“: Али Ахмети избега од кампањата во Македонија на протестот во Тирана, за да побара таму спас од поразот, што го чека на 19 октомври!

„На 19 октомври на локалните избори Албанците нема да гласаат за празни ветувања, ниту за злоупотребени знамиња, туку за враќање на достоинството и моралот во политиката. Али Ахмети го предаде идеалот на УЧК.“ – нагласува информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својот остар редакциски коментар.

Мицкоски: Работиме секој ден, за да ја извадиме државата на вистинскиот пат, заради подобра иднина на сите граѓани!!

„По изборите ќе треба да влезе голема лопата најпрвин во судството и обвинителството, каде што е сраснато со неправдите и штитењето на криминалот. Потребен е ресет на системот, без партиска или било каква поделба.“ – порача премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот завршен митинг, одржан во општина Охрид, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.,

Тачи ги повикува „сите Албанци да не излегуваат на изборите“ и „им порачува на Македонците“: Нема да се шегувате со нас, Албанците, не сме се предале?!

Дали Мендух Тачи, лидерот на ДПА, партијата која нема воопшто да настапува на овие локални избори, се впушта во „етнички и политички маневри“ на прагот на изборите, само со цел да добие макар некој политички поен во очите на Албанците, без да излегува на избори?!

Најнови вести

To top