Македонија

Муцунски: Македонија има јасна визија за иднината во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Стразбур се обрати на свеченост по повод 34 години од независноста на Република Северна Македонија и 30 години од членството во Советот на Европа, соопшти МНР.

МНР

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Стразбур се обрати на свеченост по повод 34 години од независноста на Република Северна Македонија и 30 години од членството во Советот на Европа, соопшти МНР.

Муцунски го истакна значењето на 8 септември 1991 година, кога граѓаните на референдум се изјаснија за независна држава, остварувајќи ги стремежите за самоопределување.

– Како членка на Обединетите Нации, Советот на Европа и горда членка на НАТО, активно придонесуваме за глобалниот мир и безбедност. Продолжуваме со борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе и шверцот на дрога – области во кои нашиот придонес е препознаен и ценет од меѓународните партнери, рече Муцунски.

Тој ја нагласи улогата на Советот на Европа, особено во контекст на 30-годишнината од членството во 2025 година, како клучен партнер за демократски развој, правни реформи и зајакнување на институциите.

– Во 2025 година ја одбележуваме 30-годишнината од нашето пристапување во Советот на Европа – организација која беше и останува витален партнер во поддршката на нашиот демократски развој, напредокот на правните реформи и зајакнувањето на институциите. Горди сме на длабоката, динамична и продуктивна соработка која зборува за сеопфатните и стратешки важни односи, додаде тој.

За европската иднина, Муцунски рече:

Нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија продолжува со решителност и надеж. Подготвени сме да придонесеме, како рамноправни, за стабилноста, просперитетот и споделените вредности на Унијата. Ние не сме само млада европска демократијание сме народ со богата историја, силен дух и јасна визија за иднината.

Најнови вести од: Македонија

Архиепископ г.г Стефан: На мајчин македонски јазик да објавиме ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Доживотните казни за убијците на Вања и Панче пред Апелација

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

To top