Македонија

Муцунски: Опасни наративи од Османи, унитарниот карактер на државата никој нема да го наруши

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека неговиот претходник Бујар Османи по неодамнешната кандидатура за градоначалник на Чаир упатил опасни наративи за нарушување на унитарниот карактер на државата кои се штетни и за регионалната стабилност. Муцунски синоќа во интервју на ТВ Канал 5 најави дека ќе се преземат проактивни мерки да […]

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека неговиот претходник Бујар Османи по неодамнешната кандидатура за градоначалник на Чаир упатил опасни наративи за нарушување на унитарниот карактер на државата кои се штетни и за регионалната стабилност.

Муцунски синоќа во интервју на ТВ Канал 5 најави дека ќе се преземат проактивни мерки да се спречуваат таквите наративи. Оцени дека тие кои со години лажеле дека се вистински Европејци „една кампања за локални избори и борба за само една градоначалничка позиција ги довела до ситуација да будат наративи од 19 и 20 век“.

Човекот кој со години не убедуваше дека го има на ум најдорбиот интерес за Македонците кога носи одлуки, упати порака на јасен политички проект за редефинирање на државата. Многу опасно, не само за нас, порака која е страшно опасна за целиот регион. Зборуваше за т.н автономија во одлучувањето, практично отвараше теми за создавање држава во држава. Прво јасно треба да му биде дадено до знаење, дека унитарниот карактер на државата никој нема да го наруши. Оваа држава, ниту била ниту ќе биде федерација или конфедерација. Ваквите повици се опасен наратив кон тоа. Што сака тој да каже, автономија во одлучвањето? Дали тоа треба да значи дека Македонците што живеат во Чаир треба да бараат автономија на одлучувањето да создаваме општини во општини, држави во држави? Јасно е дека овие луѓе имаат изгубено тотален компас, јасно е дека можеби живеат во некои наративи од минатиот век за големи албански држави и сето тоа. Ова е Европа, Европа во 21 -ви век и ова е земја членка на НАТО. Ваквите ризични опасни наративи за нарушување на унитарниот карактер на државата не само што максимално ги осудуваме, туку ќе преземе проактивни мерки да ги спречуваме, рече Муцунски.
Дополни дека верува во соживот и дека Македонците, Албанците, Турците, Ромите, сите националности кои живеат тука, сакаат соживот, држава која е развиена, сакаат да се зборува за инвестиции, за европскиот пат.

– Верувам и работам не само на внатрешна кохезија, туку и за одлични билатерални односи со Косово, Албанија, Србија, Бугарија, Грција, со сите земји од поширокиот регион, но ова се наративи кои ни штетат нам и на регионалната стабилност. Не само што ќе ги осудиме туку и ќе преземе проактивни мерки да ги спречуваме. Овие кои со години не лажеа дека се вистинските Европејци кои веруваат во европски вредности видовме како една кампања за локални избори, како борбата за само една градоначалничка позиција ги доведе до ситуација да будат наративи од 19 и 20 век, рече Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top