Македонија

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е добротворна акција, туку чекор кон мир

Не ја гледаме реформската агенда како замена за пристапните преговори, бидејќи реформската агенда не може да ги замени пристапните преговори

 

На проширувањето на Европската Унија не треба да се гледа како добротворна акција, туку како инвестиција и чекор кон мирот, безбедноста и економската стабилност, како за регионот, така и за Европа,порача министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски.

Муцунски го пофали Планот за раст како алатка каде што реформите значат награда и механизам преку кој граѓаните ќе видат дека доброто управување навистина функционира.

„Ние не ја гледаме реформската агенда како замена за пристапните преговори, бидејќи реформската агенда не може да ги замени пристапните преговори.

Но, од друга страна, ја гледаме како алатка преку која ЕУ и земјите-членки можат да проценат дали владата, граѓаните, нацијата, невладините организации, академската заедница и сите други инвестираат во европскиот пат“, изјави шефот на македонската дипломатија.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top